OБУКА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ НА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ НА ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ ВО КРЕИРАЊЕТО НА ЛОКАЛНИТЕ ПОЛИТИКИ

0
715

Стручна обука на тема „Воведување на пристапот на еднакви можности на жените и мажите во креирањето на локалните политики“ беше спроведена вчера од стручни лица од Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП од Скопје, во рамки на проект поддржан од Град Скопје.

На оваа напредна обука, како што соопштуваат денеска од Град Скопје, стручните лица од Центарот за истражување и креирање политики пред повеќе членови на Советот на Град Скопје и претставници на градската администрација ги претставија концептите за родово одговорното буџетирање, родово-сензитивното креирање на политики и алатките за интеграција на родовиот концепт во креирањето политики, како и практичните начини на кои локалната самоуправа може да ја унапреди родовата еднаквост… (More…)