Жидас Даскаловски

Г-дин Жидас Даскаловски има докторирано на Оделот за политички науки на Универзитетот на Централна Европа. Има издадено бројни научни статии  за политиката во регионот Југоисточна Европа, како и ко-издадено книги меѓу кои: „Разбирањето на војната во Косово“ (Френк Кас: Лондон, 2003) и „Десет години по Охридскиот рамковен договор: Лекции (кои треба ) да се научат од македонското искуство“, (ЦИКП и Фридрих Еберт Стифтунг: Скопје 2012). Професор е по политички науки и еден од најистакнатите политички научници во земјата, како и директор на Школото за јавни политики „Мајка Тереза“ подржано од Советот на Европа.

Проф. д-р Даскаловски е прогласен за  Млад научник на годината 2008, од страна на Македонската академија на науките и уметностите, тој е еден од Истакнатите личности на Битола од Универзитетот Климент Охридски и е корисник на голем број истакнати истражувачки стипендии, меѓу кои се вбројуваат оние од  Друштвото  Лорд  Дарендорф на Колеџот Св. Антони од универзитетот Оксфорд, Школото за словенски и источноевропски студии, Катедрата за македонски студии, и Советот за истражување на социјални науки/ Друштвото Етнобарометар на Универзитетот Северна Каролина. Има напишано извештаи за земјата Македонија  за Фридом Хаус/Нации во транзит, Индекс  на Отворен Буџет, Глобален извештај за интегритет, Бертелсманов Индекс  за  трансформација, Граѓански ориентирани анализи на УНДП, Извештај за човечки развој на ОН. Неговата експертиза е значајна во полето на политичката анализа воопшто, а особено во поглед на децентрализацијата, демократизацијата и етничките и мултикултурните прашања. Проф. д-р Даскаловски има темелно искуство во политичкото истражување работејќи за Центарот за истражување и креирање политики, проектот Општества разорени од војна, Иницијативата на локалната управа, Оделот за економски и социјални работи на Обединетите Нации и Иницијативата за европска стабилност. Беше главен советник на лидерот на Нова Демократија, господинот Имер Селмани, за време на претседателските и локалните избори во 2009.

E-mail: Daskalovski@hotmail.com

RESUME | CV