Школото за јавни политики „Мајка Тереза“ е дел од една мрежа сочинета од шеснаесет школи за политички студии организирани во соработка со Советот на Европа. Уште од создавањето на првото училиште за политички студии во Москва во 1992 од страна на група граѓански активисти во општеството кои настојуваат да поттикнат демократски вредности, целта на овие училишта е да обучуваат идни генерации политички, економски, општествени и културни лидери во земјите во транзиција. Тие водат семинари и конференции на годишно ниво на теми како европската интеграција, демократијата, човековите права, владеењето на правото и глобализацијата со учество на домашни и меѓународни експерти.

Организирајќи го Школото за јавни политики „Мајка Тереза“, ЦИКП се обврзува во остварувањето на следните цели:

  • Да го поттикне развојот на одговорно и етичко (рако)водство прифаќајки ги принципите на Мајка Тереза за пораст на социјалната правда, како и да помогне „во борбата во
  • надминувањето на сиромаштијата и бедата, што исто така претставува закана за мирот “;
  • Да им овозможи прилики на политичките и граѓанските водачи од целокупниот јавен живот заедно да дискутираат за моменталните политички, општествени и економски прашања;
  • Да охрабрат транспарентност во процесот на креирање јавни политики земајќи ги во предвид основните принципи на добро владеење и на различни јавни интереси и мислења;
  • Да поттикнат јавен дијалог и медиумска дебата преку негување и почитување на вредностите на либералниот мултикултурализам, охрабрувајќи учество, вклученост и слободна размена на идеи.

 

Темите кои што ги обработува Школата се: подобрување на јавните политики, евроатлански прашања и проширување, либерален мултикултурализам во теорија и пракса; и тековни прашања за македонски и западно балкански политики. Начелно, Школата трае од октомври до јуни и вообичаено нуди: четири неделни курсеви, дискусии на ЦИКП и Светски форум за демократија во Советот на Европа. Неделните курсеви опфаќаат интензивна програма со предавања, работилници и дебати. Дискусиите на ЦИКП ги водат значајни личности со вовед од 22 минути и 22 секунди според правилата за дискусија на дебатниот клуб Chatham House, за прашања поврзани со темите на Школата. Стразбуршкиот Светски форум за демократија е годишен собир на лидери, креатори на јавно мислење, активисти на граѓанското општество, претставници на бизнис секторот, академии, медиуми и професионални групи кои треба да дебатираат за клучните предизвици на демократиите низ целиот свет.

Сите учесници мора да говорат и да пишуваат течно на англиски и македонски јазик. Учесниците мора да присуствуваат на  неделните курсеви, како и на голем број дискусии на ЦИКП. Се очекува да ги исполнат задачите кои им се доверени на предавањата. Дипломите од Советот на Европа и ЦИКП се доделуваат на крајот од академската година. Учесниците се професионалци од јавните и приватните сектори на средина од кариерата (25-45 години), избрани врз основа на следните критериуми: напреднато знаење во полето на јавните политики; подготвеност за работа во подобрувањето на либералната демократија во Македонија и минимизирање на сиромаштијата во земјата; и мултикултурните вредности. Го земаме предвид тоа дека во изборниот процес се претставуваат учесници со различни политички, општествени, културни, родови и етнички идентитети. Очекуваме учесниците да бидат потполно вклучени во целиот образовен процес. Ги гледаме како идни партнери, кои заедно со предавачите и гостите, треба да изградат нова политичка култура и владеење на правото.

 

Школото за јавни политики „Мајка Тереза“ официјално започна со програмата на 28 јануари 2011.

 

Контакт

Main Office: St. Cico Popovik Zgrada 6, Vlez 2, Stan 9,1000 Skopje, Macedonia 

Директор: Жидас Даскаловски,
Tel.: +389 2 31 09 932,

E-mail: daskalovski@crpm.org.mk