За мрежата на школи при Советот на Европа

Мрежата на школи за политички студии работи со подршка на Советот на Европа (мрежа на школи при СЕ), која што се стреми да промовира европски вредности преку активно создавање на нови генерации лидери во Југоисточна Европа, Кавказ и Русија.

Мрежата е официјално создадена во 2003, со цел да обучува идни лидери во транзициските земји. Првото школо за политички студии било создадено во 1992. Моментално постојат 16 школи во Москва, Тбилиси, Софија, Чисинау, Приштина, Скопје, Белград, Загреб, Букурешт, Јереван, Киев, Сараево, Тирана, Подгорица, Баку и новоотвореното школо во Белорусија.

Управата за планирање на политики при Советот на Европа ги подржува школите преку координација на школските активности, поттикнувајќи ја размената на искуства, и советувајќи ги школите во нивниот избор на теми и говорници. Директорите на школото се договараат да соработуваат за следните принципи:

  1. Усогласување на програмата
  2. Размена на експерти и учесници
  3. Заеднички седници со вклучени учесници од различни школи
  4. Нагласување на европската димензија

Со цел да се зголеми прегледноста на програмата и потпомогне развојот на Школото за политички студии, Европската Асоцијација на школото за политички студии беше создадена за време на завршната церемонија на третиот Летен камп за демократија јули 2008 година.

Нејзините главни цели треба да им овозможат на членовите да ги развиваат своите активности, да ги зацврстат своите врски без никаков јаз и да изградат заедно демократски општества засновани на политичка култура која се карактеризира со плурализам, толеранција и дијалог. Претседавач на Асоцијацијата е бившиот Генерален секретар на Советот на Европа, г-ѓа Кетрин Лалумиер.

 

Членки на мрежата

Леток на школите за политички студии

Весник на школите за политички политики