Влијанието на политичките истражувања се состои во утврдување на влијанието на истражувачките наоди „во политиката, менаџерските и професионалните пракси, општественото однесување или јавниот дискурс. Влијанието може да биде инструментално, да влијае на менувањето на политиките, практиките и однесувањето, или може да биде концептуално, да го менува знаењето на луѓето, разбирањето и ставот по однос на општествените прашања “ (Davies, H., S. Nutley and I. Walter, 2005). ЦИКП  се обидува да направи не само првокласни анализи, туку и да влијае врз креирањето политики и предизвикувањето промени онаму каде е тоа потребно. За да го постигнеме тоа, се потпираме на истата стратегија која ја применуваат тинк тенк организациите ширум  светот – одржување јавни форуми и конференции за дискусија околу различни политички прашања, објавување  мислења, почесто медиумско присуство, одржување неформални состаноци со клучните креатори на политиките и сл. Многу често, влијанието на ЦИКП е зависно од нематеријални процеси и од контексот. На крај најважно е дали политичките истражувања и застапувањето успеваат да воведат вистински промени. Тоа е всушност крајната цел на ЦИКП. Горди сме да кажеме дека од почетокот на своето основање до денес, ЦИКП ги надмина сите македонски истражувачки институти во однос на влијанието врз политичките промени.

Ова е листа закони кои се променети како резултат на политичките истражувања и застапувања од страна на ЦИКП:

  • Закон за високото образование – промена на системот за нострификација на странски дипломи со систем за препознавање  на дипломи;
  •    Закон за пензиско и инвалидско осигурување – намалување на административните такси кои се наплатуваатат од страна на приватни пензиски фондови.
  • Закон за националниот авиопревозник – прекината е  монополската позиција на МАТ, т.е.  потпишан е договор  за отворено небо ;
    •    Закон за игри на среќа – промени во правилата за лиценцирање спортски обложувалници;

Политички модели прифатени како резултат на политичките истражувања и застапувања од страна на ЦИКП:

  • воведување нов систем  за обезбедување домашна нега на локално ниво за стари и    изнемоштени лица;
  • нов комуникациски систем за пензиско осигурување – портокалов  плик;
  • рамноправна застапеност на жените и мажите при креирањето политики и донесување на буџетот на локално ниво;

Политички производи како резултат на работа на ЦИКП:

  • стратегија за родова рамноправност во град Скопје
  • стратегија  против групно и семејно гласање
  • методологија за ex-post  политичка евалуација; прирачник и генеричка обука
  • методологија за развој на политики
  • прирачник  за анализа на состојба
  • национален систем за обука на државните службеници

Промената на политиките на ЕУ во однос на  Македонија како резултат на политиките и застапувачката работа на ЦИКП:

 

  • дијагонална кумулација на правилата на  ЕУ за потеклото – субрегионален дијагонален кумулациски систем на правила за потеклото втемелени помеѓу ЕУ  и Хрватска, Македонија и Турција
  • политика  за олеснување на визниот режим – прифаќање на патоказ за олеснување на реформите во Западен Балкан
  • метод за подготовка и консултации во поглед на годишниот извештај за напредок од страна на Европската Комисија