Д-р Љупка Наумовска е професор и маркетинг консултант. Таа е доцент на Школата за бизнис во Рен, Франција, а нејзината академска насока е кон обработка и предавање на предмети од областа на стратешки комуникации, односи со јавност, цени и дигитални медиуми. Професионално работи во областа на маркетинг комуникации, но делува и како консултант и претприемач во областа на стратешки комуникации. Д-р Наумовска е горда феминистка и активистка во неколку меѓународни организации за жени лидери, јавен говорник и ментор на Македонската мрежа на ментори. Таа постојано работи на проекти за подигнување на свеста за општествената одговорност и филантропските движења насочени кон децата и студентите со посебни потреби. Истовремено е соработник на Стејт департментот на САД и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA).


Д-р Кристина Мишева е вонреден професор и Раководител на Катедрата за Деловно право на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Д-р Мишева  предава и спроведува истражувања од областа на право на друштвата, финансово право, регулатива за финансиски институции и пазари и банкарско право. Авторка е на многу статии презентирани на меѓународни конференции и објавени во конференциски трудови и меѓународни научни списанија, вклучувајќи ја и монографијата, „Инвестициски фондови – правни аспекти“, коавтор на „Примената на меѓународното право во Македонија“ и ко-уредник и автор на „Кон ефективна компјутерска одбрана во согласност со правилата на законот“. Исто така, таа беше дел од ко-директорите на програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност (SPS) насловена „Кон ефективна комјутерска одбрана во согласност со правилата на законот“ што се одржа во Охрид, ноември 2019 година. Д-р Мишева моментално е академски координатор на Жан Моне проектот „Закон за е-здравство на ЕУ и Северна Македонија: од сегашната пракса до имплементација“.


Д-р Горан Лазаревски е економист во „Baker & McKenzie“, доктор по економија на Универзитетот ,,Колумбија” во Њујорк, а има дипломирано физика и економија на Универзитетот ,,Харвард’’.

 

 

 


Проф. д-р Каролина Ристова – Астеруд е професорка на Правниот факултет при Универзитетот „Јустинијан Први“ (УКИМ). Авторка е на над четириесет научни статии објавени на повеќе јазици (албански, англиски, германски, македонски и српско-хрватски) како и на две монографии на македонски: ,,Феминистички теории за политиката” (евро-балкански печат, Скопје, 2009) и “Парламентите, суверенитетот и демократијата во Европската унија. Обликување на новиот европски полис” (Институт за стратешки истражувања и едукација, Скопје, 2013). Други дејности од поширок интерес на д-р Каролина Ристова – Астеруд се издвојуваат следните ангажмани: член на Советот на Град Скопје (Социјалдемократски Сојуз на Македонија 2000-2002), член на комисијата за помилување на Претседателот на Македонија, (2005-2009 година) и пратеничка во Собранието на РМ (Социјалдемократски Сојуз на Македонија, 2002-2006).


Проф. д-р Жидас Даскаловски е доктор на политички науки и еден од најистакнатите политиколози во земјата, како и директор на Школото за јавни политики | Мајка Тереза | поддржано од Советот на Европа. Корисник е на голем број истакнати истражувачки стипендии, меѓу кои се вбројуваат оние од  Друштвото Лорд  Дарендорф на Колеџот Св. Антони од универзитетот Оксфорд, Школото за словенски и источноевропски студии, Катедрата за македонски студии и Советот за истражување на социјални науки/Друштвото Етнобарометар на Универзитетот Северна Каролина. Проф. Даскаловски од 2014 година е и јавен застапник на регионалната иницијатива РЕКОМ. Автор е на бројни научни и политички статии во Југоисточна Европа.