Средно образование

Во поглед на реформите во образованието, ЦИКП идентификува неколку главни прашања во средното образование кои треба да се следат: овозможување повисока стапка за запишување во средно училиште (откако стана задолжително); поврзување на средното стручно образованието со потребите на пазарот на трудот по процесот на децентрализација и зголемување на процентот на девојчиња во техничките науки како мерка за намалување на јазот во платите во однос на половите.