Smart Start Social Enterprises

  1. ХуманаС (Хуманост)
    • Општествен предизвик:

    Во Македонија сè уште постои стигма и воздржаност за негување на старите лица во домови за оваа намена. Дополнително, стапката на невработеност иако се намалува, таа и натаму е висока и согласно последните податоци на Државниот завод за статистика таа изнесува 23,1%.

    • Смарт Старт претпријатие:

    Нудење стручна обука и сертифицирање од посебната верифицирана програма за негуватели/ки на стари лица се со цел обезбедување на  квалитетни и професионални услуги во домот на старото лице. Одржување на домот, помош при секојдневните активности, основни здравствени и ергономски правила и процедури, како психо-социјална поддршка и правна заштита се само дел од услугите кои ќе ги добиваат старите лица во нивните домови.

    • Додадена вредност на Смарт Старт претпријатието:

    Избегнување на листите за чекање за прием во приватните домови за нега на стари лица, поевтина услуги и доверување на работни задачи на стручњаци кои градат стабилни и одржливи врски со клиентите.

  1. Креативно-едукативен центар за деца „Жабец“ (Еко логик)
    • Општествен предизвик:

    Образовните содржини кои се однесуваат на заштита на животната средина не се доволно застапени во наставното градиво за основното образование, а приватните детски центри главно се насочени кон интелектуален или физички развој на децата, или пак нудат содржини кои служат како поткрепа на она што веќе се изучува за време на училишните часови.

    • Смарт Старт претпријатие:

    Психо- физички развој на децата преку предавањата и интерактивни вежби поврзани за заштита  на животна средина, екологија, велосипедизам, планинарење, одржливо живеење и здрава исхрана.

    • Додадена вредност на Смарт Старт претпријатието:

    Ублажување на растечките проблеми со рбетноискривување, односно сколиоза и кифоза кај децата како, создавање здрави навики за живеење и јакнење на свеста за заштита на животната средина.

  1. Повторно искористување и рециклирање за позитивна општествена промена (ПХС – Прилеп)

  1. Продавница за половна облека „Копче“ (Црвен Крст)
    • Општествен предизвик:

    Во Скопје, но и ширум државата, нема организиран начин на собирање стара облека. Дополнително, сè уште постојат предрасуди кон користењето поволна облека. Имајќи го ова предвид, како и високата стапка на невработеност, Црвен крст се решава да го ублажи токму овој сет проблеми.

    • Смарт Старт претпријатие:

    „Копче“ преставува продавница во која се вработени лица од ранливите категорија, а во која ќе може да се купи добро сочувана и чиста половна облека. Дополнително, во продавницата ќе може да се добијат шнајдерски услуги за ситни поправки.

    • Додадена вредност на Смарт Старт претпријатието:

    Создавањето еколошко развиено општество на одговорни граѓани со добри навики каде секој го вреднува она што го добива и придонесува за заедницата во која живее.

  1. ЛДА Струга
    • Општествен предизвик:

    И покрај зголемениот број на домашни и странски туристи, понудата за активен туризам и натаму е оскудна. Дополнително, долгорочно невработените жени од Струга и Охрид и натаму имаат ограничени можности за вработување, а децата од социјално-загрозените семејства исто така се соочуваат со предизвик и проблем при вработувањето.

    • Смарт Старт претпријатие:

    Организирани кајак и кану тури по течението на Црн Дрим, придружено со попатни посети на културно-историски споменици и ручек во крајбрежните населби Дримкол или Малесија, подготвен од страна на невработените жителки од овие населби.Средношколците ќе имаат улога на помошници и логистичка поддршка ан турите (товарање и чистење на кајаците, помош на жените во Дримкол и Малесија и сл.)

    • Додадена вредност на Смарт Старт претпријатието:

    Зајакнување на туристичката промоција и понуда во РМ, како и  поддршка  на кајакарските клубови во Струга и Охрид.

  1. Велосипедски центар „Педала“ (Центар за одржливи иницијативи)
    • Општествен предизвик:

    Загадувањето на воздухот е сериозен проблем, како за главниот град, така и за внатрешноста. Од друга страна пак, дел од велосипедистите како активни учесници во сообраќајот не ретко користат неисправни велосипеди со што го загрозуваат својот, но и животот на останатите учесници во сообраќајот.

    • Смарт Старт претпријатие:

    Велосипедскиот центар „Педала“ преставува место кое нуди сервисирање на велосипедите, обуки за самоодржување на велосипедот, резервни велосипедски делови и сродни производи за велосипеди и велосипедисти. Дополнително, преставува и кафуле каде клиентите ќе може да се освежат со кафе или сок додека нивниот велосипед се поправа.

    • Додадена вредност на Смарт Старт претпријатието:

    „Педала“ не само што ќе го промовира велосипедизмот, туку ќе има улога и на социјален центар и место за дружење.

  1. Виножито 
    • Општествен предизвик:

    Жените од руралните средини и понатаму се соочуваат со ограничени можности за вклучување на пазарот на трудот. Оние пак кои се ангажирани, најчесто работат на семејни ниви и полиња, без регулиран статус и стаж. Од друга страна пак, постои тенденција на напуштање на старите и традиционални начини на сушење зеленчук и овошје кои сами по себе се и белег за македонската култура и обичаи.

    • Смарт Старт претпријатие:

    Виножито преку обуки наменети за невработените рурални жени ќе го заживее традиционалниот начин на нижење црвена пиперка. Нижењето ќе биде наменско – дел од низите ќе бидат за непосредна продажба, додека пак останатите низи ќе бидат предавани на прекупци и доработувани кои од нив ќе произведуваат зачини (буковец или црвен пипер).

    • Додадена вредност на Смарт Старт претпријатието:

    Културно и економско зајакнување на жената, како и враќање на старите обичаи и културни вредности.

  1. „Лице в Лице – Gift“
    • Општествен предизвик:

    Стапката на невработеност е сè уште висока, а најпогодени од исклученоста од пазарот на трудот и натаму се меринизираните лица и лицата од ранливите категории.

     

    • Смарт Старт претпријатие:

    „Лице в лице“ познато по истоименото уличното списание преоѓа во „Лице в лице – Gift“. Освен списанието, на продажба ќе бидат понудени сродни производи како што се шолји за кафе и чај, подлошки за чаши, бележници, пенкала, моливи, гуми, маици, торби, магнети, новогодишни и божиќни честитки, роденденски картички, календари, обележувачи за читање книга и сл. Преку три тематски програми и соодветен интегриран дизајн, продавачите ќе ја зголемат понудата со поставување штанд во централното градско подрачје во Скопје.

    • Додадена вредност на Смарт Старт претпријатието:

    Промоција на солидарната економија како општествен концепт и подигнување на јавната свест за важни општествени прашања.

  1. ЗУР Македонски ракотворби
    • Општествен предизвик:

    Невработеноста и натаму е горчлив проблем за жителите од пелагонискиот регион, особено за оние од руралните средини како и за лицата со некаков вид попреченост.

    • Смарт Старт претпријатие:

    ЗУР Македонски ракотворби нуди обуки за изработка на накит за лицата од руралните средини и лицата со посебни потреби кои сè уште немаат работа. Накит изработен од срмен конец, патенти и монистра, сувенири од дрво или стакло, рачно цртан порцелан, везеници, плетеници, макети, икони, мозаици и лејки се само дел од производите кои ќе бидат понудени на оn line продажба.

    • Додадена вредност на Смарт Старт претпријатието:

    Зачувување, вреднување, афирмирање и презентација на македонската култура и традиција, промоција на online продажбата во државата и економско јакнење на ранливите лица.

  1. „Кулинари“(АРНО)
    • Општествен предизвик:

    Младинската невработеност и натаму е проблем, а имиџот на стручното образование, особено угостителството е слаб. Од друга страна пак, трендот на користење нездрава брза храна е сè поприсутен во земјава.

    • Смарт Старт претпријатие:

    „Кулинари“ предвидува набавка на мал камионет од кое ќе се продава т.н. „здрава брза храна“. Храната ќе биде подготвувана од страна на средношколците запишани во угостителските училишта, вод водство на искусен готвач мајстор.

    • Додадена вредност на Смарт Старт претпријатието:

    Збогатување на понудата на улична храна со т.н. „брза здрава храна“ и можност за зголемување на училишните манифестации со тематски содржини (Кинеска вечер, Италијанска вечер, Шпански денови на куна и сл.).

  1. ЗЕНИТ
    • Општествен предизвик:

    На македонскиот пазар, постои сомнеж за квалитетот на проценка за примената на водичот ИСО 26000 за општествена одговорност на претпријатијата во Македонија. Од друга страна, компаниите кои сакаат да ги потврдат своите општествено одговорни практики често и не се во можност да одвојат високи суми од својот буџет за да ангажираат странски консултантски куќи, кои ги нудат овие услуги по многу повисоки цени.

    • Смарт Старт претпријатие:

    ЗЕНИТ ќе дава услуги на македонските претпријатија за  примена и проценка на примената на водичот ИСО 26000 за општествена одговорност на претпријатијата (ООП; CorporateSocialResponsibility), како и обука и поддршка на претпријатијата за насочувачките принципи на Обединетите нации за бизнисот и човековите права.

    • Додадена вредност на Смарт Старт претпријатието:

    Унапредување на етичките аспекти на корпоративното управување, почитување на човековите права и стандарди за платен труд од страна на претпријатијата, фер деловни практики и однос кон потрошувачите, како и вложување во заедницата.

  1. НСРР
    • Општествен предизвик:

    Рециклирањето на облека во РМ речиси и да го нема што влијае на квалитетот на животната средина. Од друга страна пак, долгорочно невработените лица имаат потреба од трајно решавање на нивното егзистенцијално прашање.

    • Смарт Старт претпријатие:

    НСРР ќе ја собира старата и износена облека. Онаа која е добро сочувана, ќе биде редизајнирана и ќе ѝ се додадат модни детали по што повторно ќе биде понудена на непосредна и онлајн продажба. Изветвената облека или алиштата со дамки, ќе бидат прекроени и преработени во куќни папучи, навлаки за перничиња, прекривки за кревет,  торби, крпи за домаќинство, килими/чергичиња и сл. Остатоците ќе се користат за декорација на производите или за правење додатоци како синџирчиња, цветови за шноли и брошови, обетки и сл. За сето ова ќе бидат задолжени социјално загрозени жениили стари лица од домовите за нега на стари, претходно обучени.

    • Додадена вредност на Смарт Старт претпријатието:

    Зачувување на животната средина и зголемување на понудата на рачно изработени производи.

  1. ЗГ Културна ризница
    • Општествен предизвик:

    Уметничките работници и занаетчиите се потешко го наоѓаат своето место на пазарот на труд. Дополнително, понудата на ракотворби и рачно изработени производи станува се пооскудна.

    • Смарт Старт претпријатие:

    Интернет страницата  http://www.kulturnariznica.mk/ која веќе служи како е-порадавница за традиционални сувенири, ракотворби, накит и икони има потреба од ребрендирање, надградување и поврзување со социјалните мрежи. Дополнително, сака и да ја прошири својата понуда со производи кои се сродни за културата и обичаите на малцинските заедници во државата.

    • Додадена вредност на Смарт Старт претпријатието:

    Придонес кон меѓуетничкиот соживот, зачувување на традиционалните уметнички вредности и промоција на е-пазарување.

  1. Хуб ИТ (Отворете ги прозорците)
  • Општествен предизвик:

Денешните работни мести бараат познавање на компјутерски вештини, од основни до напредни, но лицата со попреченост зависно од нивното образование или наобразба, често се соочуваат со потешкотии при стекнувањето вештини за употреба компјутер и /или интернет. Проблем за нив преставува и фактот што речиси сите интернет страници во земјава не се прилагодени а овој тип лица.

  • Смарт Старт претпријатие:

Овој хаб од една страна ќе нуди услуги на лица со попреченосткако што се пристапен простор, ИТ обуки и обуки за меки вештини, поддршка при вработување, советување и слично, а друга страна ќе нуди услуги за компании/институции/организации за тестирање на пристапност на нивните информации/веб страници, како и развивање на пристапни ИТ решенија.

  • Додадена вредност на Смарт Старт претпријатието:

Градење општество со еднакви можности за сите и зголемување на свеста кај стопанството и државните институции за потребата од достапност на нивните ИТ алатки за сите граѓани.

 

  1. „Фарм сервис“ (Рурална коалиција)
    • Општествен предизвик:

    Големите млинови понекогаш одбиваат да го откупат произведеното жито од страна на земјоделците во кумановско-липковскиот регион. Оној пат кога ќе се решат тоа да го сторат, понекогаш за возврат им нудат  брашно без бандероли и во вреќи без никакво обележување на производителот. Ова раѓа сомнеж кај земјоделците и ги обесхрабрува во нивната дејност.

    • Смарт Старт претпријатие:

    По подолго време, производителите на пченица, јачмен, рж, пченка, хељда, овес и други житни култури ќе можат да го предадат својот род на „Фарм сервис“ и притоа за возврат да добијат бело брашно или интегрално брашно за домашна исхрана или пак сточно брашно за исхрана на својот добитокот. На овој начин се гарантира редовен откуп, без чекање и сомнеж за она што го добиваат за возврат.

    • Додадена вредност на Смарт Старт претпријатието:

    Градење доверба помеѓу земјоделците, можност за зголемување на производството и подобрување на квалитетот на житните производи (брашно, леб, печива и сл.)

  1. ОЖОСН
  • Општествен предизвик:

Жените од малигни заболувања имаат постојана потреба од помош, поддршка и социјализација. Ваквите програми речиси и да нема, а ограничената финансиска моќвлијае и врз потребаната да се купат навреме скапите лекови, но и да се набават помагала со кој полесно ќе се премости периодот на хемотерапија и лечење.

  • Смарт Старт претпријатие:

ОЖОСН планира да го отвори првото социјално претпријатие во Свети Николе – „Виктори декорации“ кое нуди декорации за родендените и прославите на вашите деца, а приходот ќе биде наменет за континуирана работа на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања, давајќи им психосоцијална помош и поддршка, набавка на медицински помагала, градни протези, перики, турбани, како и финансиска поддршка за лекови и патни трошоци за терапии. Дел од декорациите ќе бидат изработени токму од овие жени кои на овој начин ќе се социјализираат и самопомагаат во периодот на лекување.

  • Додадена вредност на Смарт Старт претпријатието:

Развојот на свеста помеѓу децата и најмладите за потребата од учество во хумани активности и акции уште од најмала возраст.

 

  1. Терапевтска заедница „Покров“ (Избор)
    • Општествен предизвик:

    Зависниците од дрога, алкохол и хазард се дискриминирани, на маргините на општеството и без посериозни можности за влез или напредок на пазарот на трудот. Државните програми за ресоцијализација и рехабилитација се со скромен успех со што уште повеќе се продлабочува нивната исклученост.

    • Смарт Старт претпријатие:

    Терапевтскатазаедница „Покров“ којапретсавувадолгорочна рехабилитациска програма за одвикнување од дрога, алкохол и хазард и која располага со сопствено оранжериско производство на овошје и зеленчук, планира набавка и монтирање на 10 тонски ладилник за одржување на зеленчукот и изградба на 2 соларни сушари за овошје и зеленчук со капацитет од по 100 kg при би се вработиле две лица кои успешно ќе ја завршат рехабилитационата програма.

    • Додадена вредност на Смарт Старт претпријатието:

                 Новиможностизапроширувањенасоцијалнатаекономија и збогатување на понудата на органски зеленчук и овопје.

  1. Иновативна академија – InnAc (Милениум)
    • Општествен предизвик:

    Децата со пречки во комуникацијата немаат место каде би ги подобриле своите комуникациски вештини. Дополнително, децата се повеќе се „навлечени“ на користење електронски уреди и интернет, а притоа родителите не се свесни за последиците од тоа врз нивниот психо-социјален развој. Проблем во Тетово и регионот претставува и фактот што сè уште нема дневни центри за дополнителна едукација и образование на децата, надвор од редовните училишта.

    • Смарт Старт претпријатие:

    Иновативната академија InnAc ќе ја сочинуваат три модули и тоа – ИТ академија, Арт Академија и Академија за говорење. Преку курсеви, обуки и дневен престој, децата, но и нивните родители ќе добијат знаење за правилно користење на електронските уреди и интернетот, ќе се развијат нивните креативни потенцијали преку работилници за фотографија, филм и ликовно творење, а курсевите за говорење ќе овозможат да ја усовршат уметноста на говорот, јавното говорење, презентирање, комуникација во бизнисот и друго.

    • Додадена вредност на Смарт Старт претпријатието:

    Зајакнување на врските помеѓу родителите и децата, бесплатни вклучување на децата од социјален ризик и надополнување кон редовниот образовен систем.