Родови анализи

Во родовите анализи, ЦИКП препознава дека животот на жените и мажите, а со тоа и искуствата, потребите, проблемите и приоритетите се различни и се зависни од возраста, етничката припадност, попреченоста, нивото на приход, (не)вработеноста, брачниот статус, сексуалната ориентација и дали издржуваат лица. Токму затоа се неопходни различни стратегии за постигнување рамноправни резултати за жените и мажите и различните групи на жени.