Профит за непрофитните

SMART START hub за поддршка на граѓанските организации (ГО) како социјални претпријатија

Бројот на граѓански организации (ГО) во Македонија и Западен Балкан постојано расте. Во Македонија моментално има 4686 регистрирани ГО, а околу 150000 во Западен Балкан.

Финансиските извори за делување на граѓанските организации се оскудни поради економската ситуација и повлекувањето на многу од донаторските агенции, што претставува особена опасност за грасрут организациите. Особено е тешко да се одржи позитивното влијание на активностите на граѓанските организации и да се подржи најранливата популација, па поради тоа се јавува голема потреба од иновативни пристапи и употреба на локални ресурси.

Истражувањата направени од ИПСОС покажуваат дека процентот на самофинансирање на ГО е многу мал. За таа цел ЦИКП го лансираше Smart Start Hub кој овозможува градење капацитети и финансиска поддршка за развој на социјално претприемништво кај непрофитните организации. Заради тоа соработувајќи со Smart Start Hub, граѓанските организации во Македонија ја унапредуваат нивната (а) финансиска одржливост и (б) создавање приходи.

Smart Start Hub е центар за поддршка кој овозможува долгорочна помош во секое време преку трансформација на граѓанските организации во социјалните претпријатија. Нуди голем број програми за поддршка како обуки, натпреварувања, работилници и нови можности за финансирање, за кои се очекува да влијаат врз растечкиот интерес на граѓанските организации да започнат економска активност врз основа на социјалното претприемништво и иновациите.

Smart Start Hub е производ на проектот финансиран од ЕУ “Smart Start-Одржување на влијанието на граѓанските општества преку социјално претприемништво и иновации во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Турција“.