Пристап до пазарот на труд и вработливост

Соочување со сегашните и идни структурни промени бара зголемување на можностите за вработување на работната сила кое што може да помогне при зголемување на иновативните капацитети и прифаќање на нови технологии како и зголемување на продуктивноста  преку забрзување реалокацијата трудот од активности кои бараат пониски вештини и имаат пониска продуктивност кон активности кои бараат повисоки вештини и се попродуктивни додека во исто време обезбедуваат поголем добробит на работниците. Образованието и тренингот се важни како и нивната флексибилност и поттици да се прифатат истите со цел да се реагира побрзо на побарувачката за вештини кое што е особено важно во земји како Македонија која се карактеризира со високи стапки на невработеност, долгорочна и младинска невработеност и изобилство на ниско квалификувана работна сила. Портфолиото на ЦИКП во истражувања во областите на образованието, пазарот на труд, како и непријавената работа и скриената економија ги опфаќа главните фактори кои ги оформуваат пристапот на пазарот на труд и можностите за вработување.