Поранешни стажанти и сведоштва

Име: Џани Хаџиќ

Земја: Босна и Херцеговина

Практикантски период: Јуни-Август 2013

 

Која е првата работа која Ви паѓа на памет кога се потсетувате на Вашето практикантсво во ЦИКП?

Најпрво, се сеќавам на тимот и работната атмосфера. Искусив професионална работна атмосфера.

Дали практиканството во ЦИКП Ви помогна во Вашиот професионален и академски развој?

Научив нови политички теории, особено во поглед на малцинските права. Исто така ги подобрив моите истражувачки способности и методологијата.

 

 

Каде го применивте стекнатото искуство?

Најпрво, го применив во мојата магистерска теза, но методологијата и стекнатите истражувачки способности се нешто што ќе остане запаметено засекогаш.

Какво е Вашето мислење за ЦИКП во однос на професионалните капацитети и подготвеност за менторство?

Никогаш не се соочив со „не“ или „извини, не можам сега“. Сите вработени беа расположени да ми помогнат и секогаш ми даваа сугестии и совети поврзани со методологијата, податоците и соодветните извори за истражување.

Што ќе им препорачате на оние кои се заинтересирани да бидат практиканти во ЦИКП?

Зграпчете ја шансата, вреди.

 


Име: Јелена Петрович

Земја: Србија

Практикантски период: Јуни- Јули 2014

Која е првата работа која Ви паѓа на памет кога се потсетувате на Вашето практикантсво во ЦИКП?

Бев сведок на силна работна атмосфера. Тимот е навистина  пријателски расположен и услужлив. Се работи за вистинска и професионална истражувачка организација, што не е случај тука во Србија.

Дали практиканството во ЦИКП Ви помогна во Вашиот професионален и академски развој?

Да. Контактите кои ги развив за време на моето практиканство во ЦИКП се многу важни за мене и ги одржувам до ден денес. Сите овие луѓе се релевантен извор за мојата работа денес.

Што научивте од ЦИКП?

Научив за концептот на добро владеење. Се стекнав со соодветно знаење во однос на методологија и истражувачки алатки.

Какво е Вашето мислење за ЦИКП во однос на професионалните капацитети и подготвеност за менторство?

Давам највисоки оценки за професионализмот и подготвеноста на тимот да го пренесе своето знаење кај практикантите. Беше искуство што се случува еднаш во животот.

Што ќе им препорачате на оние кои се заинтересирани да бидат практиканти во ЦИКП?

Бидете подготвени да го проширите своето знаење и вашата листа на контакти. Тоа е невладина организација која нуди големи можности.


Име: Клара Вотавова

Земја: Република  Чешка

Практикантски период: март- април 2015

Која е првата работа која Ви паѓа на памет кога се потсетувате на Вашето практикантсво во ЦИКП?

Паметам многу позитивна и пријателска атмосфера во канцеларијата што претставува основа за продуктивна работа.

 

Дали практиканството во ЦИКП Ви помогна во Вашиот професионален и академски развој?

Бев вклучена во некои истражувачки активности кои ми помогнаа да ги надградам моите истражувачки способности. Исто така стекнав длабоко знаење за политичката состојба во Македонија како и политичките случувања на Балканот.

Какво е вашето мислење за ЦИКП во однос на професионалните капацитети и подготвеност за менторство?

Тимот е високо образуван со меѓународни дипломи и е професионален во секоја смисла. Сите вработени се стручњаци сами по себе и многу љубезни  личности од кои секој практикант може многу да научи.

Што ќе им препорачате на оние кои се заинтересирани да бидат практиканти  во ЦИКП?

Би го препорачала ЦИКП како место каде практикантите можат да впијат ново знаење. Можат да сметаат  на пријателски расположениот тим кои може да им даде совети и коментари во било кое време.


Име: Даниел Зеленков

Земја: Македонија

Практикантски период: јуни-август 2013

Која е првата работа која Ви паѓа на памет кога се потсетувате на Вашето практикантсво во ЦИКП?

Првата работа која што ја помнам беа активностите во кои бев вклучен. Тоа беше истражување чија што цел беше да го истражувам изборот на младите во поглед на образованието, а учествував и во проект поврзан со транспарентноста на општините.

 

Дали практиканството во ЦИКП Ви помогна во Вашиот професионален и академски развој?

По завршување на практиканството бев добро подготвен за остатокот од моите додипломски студии на Универзитетот Џорџ Вашингтон, особено за курсевите кои беа поврзани со јавни политики.

 

 

Какво е вашето мислење за ЦИКП во однос на професионалните капацитети и подготвеност за менторство?

Имаат голема волја да ги водат практикантите за време на нивниот практикантски период. Тимот е добро образуван и подготвен.

Каде го применивте стекнатото искуство?

Го применив и сè уште го применувам во моите додипломски студии по економија. Новостекнатите способности за пишување ми помогнаа да го подобрам мојот есеистички стил на пишување.

Што ќе им препорачате на оние кои се заинтересирани да бидат практиканти во ЦИКП?

ЦИКП е место каде моите колеги и млади истражувачи можат да стекнат искуство од прва рака во поглед на истражувањето и креирање политики. Исто така е место каде можат да добијат фидбек за нивните сопствени идеи- нешто што тешко се наоѓа во други организации.


Име: Хавиер Карера

Земја: Мексико

Практикантски период: август-октомври 2015

Која е првата работа која Ви паѓа на памет кога се потсетувате на Вашето практикантсво во ЦИКП?

Прво и најмногу, ќе се сеќавам на пријателската и конструктивна атмосфера на работното место. ЦИКП тимот вложи многу за да ме вклучи најмногу што може во нивните активности, вклучувајќи го и Школото за јавни политики „Мајка Тереза“.

 

Дали практиканството во ЦИКП Ви помогна во Вашиот професионален и академски развој?

Стекнав подобро разбирање за институционалната промена во земјата во нејзината понова историја

 

Каде го применивте стекнатото искуство?

Денес го употребувам знаењето што го стекнав во ЦИКП на моето ново работно место во БИХ и на моите студии на ERMA по демократија и човекови права во југоисточна Европа.

Какво е вашето мислење за ЦИКП во однос на професионалните капацитети и подготвеност за менторство?

Тимот на ЦИКП беше доста отворен и подготвен да ми помогне во процесот на водење на моите истражувања. Никогаш не се двоумеа да ми достават доверливи информации кои ја збогатуваа мојата работа кога беше потребно.

Што ќе им препорачате на оние кои се заинтересирани да бидат практиканти во ЦИКП?

Дефинитивно можам  да го препорачам ЦИКП на секој кој е подготвен да спроведе истражувања за македонската политика.


Име: Харис Хамберовиќ

Земја: Босна и Херцеговина

Практикантски период: јуни-август 2016

Која е првата работа која Ви паѓа на памет кога се потсетувате на Вашето практикантсво во ЦИКП?

Добра работна атмосфера, тимска работа и професионализам, се работите кои први ми доаѓаат на ум.

 

Дали практиканството во ЦИКП Ви помогна во Вашиот професионален и академски развој?

Работата во организацијата ЦИКП ми овозможи шанса да ги развијам моите професионални вештини како што се подготвување на теренска работа, подготвување прашалници, оценување истражувачки материјал и проценка, работа во Статистичкиот пакет за општествени науки SPSS и друго.

Каде го применивте стекнатото искуство?

Го применив додека ја пишував мојата магистерска теза, особено во однос на развојот на методологијата и на анализата на податоци. Повеќе од убеден сум дека тоа ќе ми биде од корист и во иднина.

Какво е вашето мислење за ЦИКП во однос на професионалните капацитети и подготвеност за менторство?

Би го опишал ЦИКП како супер тим од професионалци, кои се подготвени да го споделат своето искуство и знаење. Целосно бев вклучен во секојдневната  работа на организацијата, чувствувајќи се како дел од тимот.

Што ќе им препорачате на оние кои се заинтересирани да бидат практиканти во ЦИКП?

Ако сакате да научите како се прават јавни политики, прашајте ги во ЦИКП.