Г-дин Иван Стефановски е докторант по политички науки и социологија на Факултетот за политички и општествени науки во Фиренца, при универзитетот Scuola Normale Superiore во Пиза, Италија и магистер по правни науки на Правниот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Неговото работно искуство вклучува повеќегодишно учество во невладини и истражувачки организации, а негови главни полиња на истражување се општествените движења, демократизација, европеизација, политичка поларизација и радикализација, како и процесот на креирање на јавни политики во Југоисточна Европа. Исто така, бил и консултант во повеќе меѓународни мисии.


Г-ѓа Ана Крстиновска има завршени мастер студии по Европски политички и административни студии на Колеџот на Европа во Бриж, мастер студии по конференциско толкување на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и специјалистички студии по кинески јазик и култура на Универзитетот за странски студии во Пекинг. Претходно работела како државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, советник за соработка со меѓународни организации во Владата на Република Македонија и фриленс толкувач со акредитација од ЕУ. Блажеска е алумна на Меѓународната програма за жени-лидери на американскиот Стејт Департмент и школата за јавни политики Мајка Тереза. Во областите на интерес вбројува меѓународни односи од аспект на политика, економија и безбедност, ЕУ и европски фондови, управување со циклусот на јавни политики, родови прашања и миграциска политика.


Г-ѓа Ана Мицковска Ралева е дипломиран психолог од Универзитетот  Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје и магистер по образование од Универзитетот во Кембриџ, Велика Британија. Има работено како проект асистент во два УСАИД проекти и има долгогодишно искуство како водич за анкети во Брима Галуп. Нејзините интереси се движат од прашања поврзани со социјалната психологија (односи во групи, создавање стереотипи и предрасуди. влијанието на медиумите во формирањето мислење) до прашања поврзани со модернизирањето и подобрувањето на квалитетот во образованието. Ги има издадено своите студии во домашни и странски весници и презентирано своите истражувања на неколку интернационални конференции. Нејзините области на специјализација вклучуваат: едукација во политичкото истражување, следење и проценка на проекти, и квантитативна анализа на податоци. Таа работи во Македонски Центар за Граѓанско Образование.


Г-дин Емил Шурков има дипломирано политички науки и европски студии на Американскиот Универзитет во Благоевград и е магистер по јавни политики и човечки развој од Универзитетот Мастрихт, Холандија. Пред да се придружи во ЦИКП во јануари 2014, Шурков работи во приватниот сектор, поточно, банкарство, осигурување, едукација, советодавни дејствија од областа на животната средина итн. Учествувал во бројни интернационални обуки, форуми и конференции. Неговото истражување и лични интереси ги опфаќаат, но не се ограничени на: новите и зелени технологии, одржлив развој и енергетска ефикасност, одржлив транспорт и енергија, економија. Емил е независен консултант.


Г-дин Здравко Велјанов има дипломирано преведување и толкување со културолошки студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје; има магистрирано на конференциско толкување на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и магистрирано европски студии на Универзитетот во Фленсбург, Германија и Универзитетот Јужна Данска, Данска. Пред да влезе во организацијата ЦИКП во фервуари , 2016, Велјанов работел како истражувач/асистент на Правниот факултет „Jустинијан Први“, Скопје. Неговите интереси во полето на истражувањето вклучуваат, но не се ограничени на: социјална и транзициона правда, индустриски врски, човекови права и демократија, добро владеење и уставно уредување.


Ана Николовска Ристовски, м-р

Главен менаџер на Boutique Hotel Rose Diplomatiquе

 

 


Неџат Мехмедович, м-р

Независен советник

 


Владимир Лазаревиќ, м-р

Советник во McKinsey & Company,

Извршен директор, Healthgrouper

 

 


Иван Бимбиловски, проф. д-р

Проректор, вонреден професор на Универзитетот „Свети Апостол Павле“

 

 


Јетон Красниќи

Соработник на проекти, Македонски центар за меѓународна на соработка (МЦМС)

 

 


Зоран Нечев, м-р

ЕТХ Цирих, Центар за меѓународни и компаративни студии, програмски менаџер, Здружение за развојни иницијативи – Зенит

 


Анастас Вангели

Докторант на  Факултетот за општествени истражувања на Универзитетот во Варшава

 


Сања(Костовска) Врбек

Докторант на Универзитетот во Љубљана

 

 


Димитар Николовски, докторант

Полска академија на науките, Варшава

 


Илија Талев, проф. д-р

Специјалист по социјална политика на УНИЦЕФ во Белице

 

 


                            Ристе Змејковски, м-р

Шеф на партија, Балканска мрежа на истражувачко новинарство (БИРН)

 

 


Наталија Спасовска, м-р

Регионален технички советник на ГИЗ

 

 


Дритон Неблу, м-р

Советник, Парламент на Република Македонија

 

 


Башким Башкиу, м-р

Директор на Институтот за истражување на политики и добро владеење, докторант на одделот за политички науки при Универзитетот Климент Охридски

 


Ерол Шаќири

Независен советник

 


Мирјана Станковиќ (Тодоровска), проф. д-р

Центар за интелектуална сопственост и трансфер на технологија

 

 


Ениса Бајрами, м-р

Обезбедување на квалитет и управување со директор на Универзитетот на Југоисточна Европа

 


Игор Николовски, м-р

Советник на министерот и член на Комисијата на Владата за иновации и претприемништво

 


Maciej Kaczorowski, M.A

Career Diplomat, Ministry of Foreign Affairs, the Republic of Macedonia.

 

 


Андреј Пулејков, м-р

Извршен директор, КБ Публикум инвест АД Скопје.

 

 


Ms. Qëndresa Sulejmani,

Metamorphosis Foundation.

 

 


Весна Јовановска, м-р

Советник, Министерство за економија на Република Македонија