Миграции

Миграциите се важно прашање за социо-економски развој на многу земји, вклучувајќи ја и Македонија. Настрана општата перцепција, миграциите имаат и позитивни и негативни последици и доколку соодветно се менаџираат, може да има позитивно влијание на самите имигранти, но и на севкупното општеството. Иселениците се чест извор на девизни приливи од странските дознаки кои може и да го надминат нивото на странски инвестиции (како што е случајот со Македонија), но од друга страна, миграцијата повлекува и високи трошоци, пред сè загуба на човечки капитал и одлив на мозоци. Тимот на ЦИКП обезбедува релевантнa експертиза и анализи во однос на факторите кои поттикнуваат, односно привлекуваат миграција, како и на капацитетите на нашата земја за апсорпција на мигрантите од трети земји. Нашите индекси и анализи се признати од страна на надлежните државни органи како документи кои играат клучна улога во развојот на националните политики, обезбедувајќи податоци и информации во повеќе аспекти од оваа појава, вклучувајќи причини за миграција, економски можности, безбедносни предизвици, изгледи и пречки  за интеграција, како и усогласеност на националните политики со acquis communautaire на ЕУ.