Родовиот јаз на платите помеѓу мажите и жените иако генерално се има намалено, извештајот од Светскиот економски форум од 2008 година проценува дека со сегашната стапка на намалување , тој ќе биде затворен дури во 2186 година, односно за 170 години од сега. Тоа значи дека стапката на намалување на јазот меѓу платите мора значително да се зголеми ако воопшто сакаме да постигнеме паритет меѓу платите во текот на нашите животи. Истражувањата на ЦИКП имаат силен фокус на родовите права и родово одговорното буџетирање (РОБ) кои имаат за цел да ги зголемат економските права на жените, а  во исто време да ѝ помогнат на земјата да го употреби целосниот потенцијал на жените кои претставуваат половина од работната сила.