Генерација 2011/2012

Доц. д-р Горан Илиќ

Образование: Доктор на политички науки

Работна позиција: Професор по Право на ЕУ и Уставно право на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола

 


Јасмина Трајкоска

Образование: Докторант на Правен Факултет”Јустиниан Први” при Универзитетот Св.”Кирил и Методиј”

Работна позиција: Асистен на факултетот за Политички науки при ФОН Универзитетот; Ангажирана во Собранието на Р.Македонија како советник на пратениците од ПЕИ; Личен асистент на претседателот на управниот одбор на ФОН Универзитет г-дин Фијат Цаноски.

 


Ардиан Рамадани

Образование: Магистер по дипломатија и политички науки

Работна позиција: професор по француски јазик; преведувач; политички аналитичар и колумнист.

 

 


Joсипа Ризанкоска

Образование: Докторант по европска и компаративна политика – Универзитет во Сиена, Италија.

Работна позиција: Проектен координатор и истражувач во Институтот за демократија ”Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС)

 


Маријана Тодоровска

Образование: Магистер по економски науки

Работна позиција: Раководител на одделение за финансиски прашања, Секретаријат за Законодавство на Влада на РМ

 


Мартина Смилевска

Образование: Дипломиран правник; Магистер по меѓународни односи- разрешување на конфликти

Работна позиција: Претседател, Македонско здружение на млади правници.

 


Мики Милкоски

Образование: Магистер по меѓународно право и меѓународни односи

Работна позиција: Советник во општина Ранковце

 

 


Дритон Кучи

Образование: Магистер по правни науки

Работна позиција: Асистент на правниот факултет при Државниот Тетовски Универзитет (ДУТ); Координатор на дисперзираните факултети на ДУТ во Скопје

 


Драган Ристевски

Образование: Дипломиран новинар

Работна позиција: член на советот на општина Битола

 

 


Елида Зулбеари

Образование: Дипломиран новинар

Работна позиција: новинарка во весникот “Журнал”

 

 


Милан Стефановски

Образование: Магистрант на применета политика

Работна позиција: Вработен во министерството за одбрана на Р.Македонија

 

 


Весна Попоска

Образование: Магистер по меѓународно право и меѓународни односи, Докторант по меѓународни односи и безбедност

Работна позиција: Генерален секретар на Меѓународен Универзитет Визион
 


Јетон Красниќи

Образование: Дипломиран филолог по француски јазик и книжевност

Работна позиција: Аналитичар во центарот за истражување и креирање на политики

 

 


Арта Бојку

Образование: Магистрант на меѓународно јавно право

Работна позиција: Државен службеник во министерството за надворешни работи – директорат за ЕУ

 

 


Севда Деари

Образование: Електро инжињер

Работна позиција: Вработена во народна банка на Република Македонија

 

 


Ивана Димитровска(Петровска)

Образование: Магистрант по европски студии

Работна позиција: Програмски координатор во АЛДА

 


Драган Тевдовски

Образование: Доктор по економија

Работна позиција: Професор на економскиот факултет во Скопје

 

 

 


Митко Сланинковски

Образование: Магистер по политички науки

Работна позиција: Практикант во кабинетот на премиерот на Република Македонија

 

 


Катерина Нешкова

Образование: Дипломиран правник

Работна позиција: Новинар во дневниот весник “Нова Македонија”

 


Ивана Костовска

Образование: Магистрант на европски студии

Работна позиција: Новинар во дневниот весник “Дневник”

 


Нешат Аземовски

Образование: Дипломиран на математика и природни науки

Работна позиција: Програмски координатор во Биосфера – Битола

 

 


Васил Петрушевски

Образование: Електро инжињер

Работна позиција: Менаџер во фондацијата за економски развој – Хоризонти

 

 


Нора Малиќи

 

Образование: Магистер по политички науки

Работна позиција: Асистент на Интернационален универзитет – Струга


Коментари од учесници

   

Да се биде дел од Школата за јавни политики “Мајка Тереза”   беше неверојатно и збогатувачко професионално и лично искуство за мене. Ми   даде единствена шанса да запознаам млади лидери со различна образовна и   професионална позадина, едновремено нудејќи одличен форум за вмрежување и   размена на искуства и идеи. Учеството на различни семинари и бројни   еднодневни настани, каде отворено беа дискутирани економски, социјални и   политички предизвици кои влијаат на македонското општество, беше крунисано со   можноста да учествувам на Светскиот форум за демократија во Стразбург,   организиран од Советот на Европа.Ви благодарим ЦИКП што ми ја дадовте оваа   незаменливата можност да ја предизвикам својата перцепција, знаење и   реалноста, и пред се да ги запознаам сите овие неверојатни луѓе.

                                                                                                                                                  М-р Мартина   Смилевска

 

Учеството на Школата   за јавни политики за мене претставува навистина уникатно искуство од  повеќе аспекти. Како академско искуство,   истата третира  исклучително широк   дијапазон на области. Професионално, дава можност за градење на силна   национална и меѓународна мрежа на контакти. Социјално и човечки, претставува   форум за спротивставување на ставовите    на исклучителни индивидуалци кои взаемно се надградуваат. Особено би   го нагласила учеството на Светскиот форум за демократија, како неповторливо   искуство и навистина уникатен концепт за навраќање кон  вистински партиципативната демократија и   редефинирањето на концептот на граѓанството.

М-р Весна Попоска

 

Ми претставуваше задоволство да учествувам на сесиите организирани од   страна на Школата за Јавни Политики”Мајка Тереза” и ЦИКП. На   овие сесии се стекнавме со многу нови знаења и искуства, запознавме и   стекнавме нови пријателства, како и дадовме вистинки пример за тоа како   младите во нашата земја можат да соработуваат еден со друг. Најмногу од се   научивме како треба да се почитува мислењето на другиот. Мултикултурната   средина и интеракцијата на сесиите во Македонија, а особено на сесиите во   Стразбург како и заедничкото дружење оставија незаборавен впечаток, а   истовремено беа одлично искуство за секој од учесниците. На крајот би сакал   да му се заблагодарам на организацискиот тим на школата и центарот за нивниот   професионализам, коректност и соодветен однос кон сите учесници, а особено   кон мене.

                        М–р   Ардиан РАМАДАНИ   (Професор по француски јазик и преведувач/стандардист во амбасадата на   Република Франција/ Лектор и уредник на месечното списание“Албански глас” во Приштина,   Косово)