Љуљзим Селами

Образование: Магистер по политички науки

Асистент на ФОН Универзитетот во Скопје

 


Тоше Зафиров

Образование: Магистрант на политички науки

Проект координатор во институтот ”Прогрес”

 


Линдита Реџепи

Образование: Магистрант по Меѓународни односи и разрешување на конфликти

Работна позиција: Асистент за програма и обука, Американски Мировен корпус

 


Оливер Станоески

Образование: Докторант по мир и развој

Демонстратор при Универзитетот Свети Кирил и Методиј – Скопје, Филозофски факултет, Институт за безбедност, одбрана и мир.

 


Линдита Шакири Атанасова

Образование: Дипломиран инжињер по металургија; Магистрант на меѓународни односи и дипломатија

Советник во општина Аеродром (Член на највисоките раководства на СДСМ

 


Наташа Доневска

Образование: Магистер по меѓународна соработка и развој; Магистер по менаџмент на човечки ресурси

Консултант

 


Диоген Хаџи-Коста Милевски

Образование: Докторант на јавна администрација

Асистент на ФАМИС

 

 


Дарко Павловски

Образование: Магистер по меѓународно јавно право

Правен офицер на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

 

 


Ненад Златановиќ

Образование: Специјалист интернист – субспецијалист кардиолог; Магистер по медицински науки

Работна позиција: Вработен во ПЗО Кор-Медико Скопје

 

 


Калтрина Зеколи

Образование: Магистрант по правни науки

Асистент на Државниот универзитет во Тетово; вработена во општина Чаир

 

 

 


Бурим Латифи

Образование: Магистрант на корпоративни финансии и банкарство

Државен службеник во министерството за економија

 

 


Драгана Букилица

Образование: Дипломиран филолог

Советник во општина Аеродром

 

 


Катерина Тодоровска

Образование: Дипломиран правник и Магистер по европски студии

Работна позиција: Програмски координатор во МОФ

 

 


Стево Бајдески

Образование: Магистрант по мир и развој

Приватен бизнис

 

 


Африм Бакиу

Образование: Дипломиран филолог

Наставник по англиски јазик

 

 


Томе Гушев

Образование: Магистрант по применета политика

Асистент во канцеларијата за комуникација со пратениците во Велес

 

 


Горазд Милошовски

Образование: Апсолвент на политички студии

Државен службеник во генералниот секретаријат при Владата на Република Македонија

 


Билјана Аврамовска

Образование: Магистар по меѓународна и европска безбедност

Советник во министерството за одбрана

 

 


Бетијан Китев

Образование: Магистрант на политички науки

Советник во општина Кавадарци

 


Марија Теговска

Образование: Магистрант на меѓународни односи

Вработена во Институт за демократија “Социетас Цивитас”

 

 

 

 Коментари од учесници

 

“Искуството со школата за јавни политики е едно посебно   задоволство и духовно збогатување бидејќи претставува можност за отворена и   конструктивна дебата за различни, горливи теми во општеството како и за   запознавање и дружење со личности од интелектуалната елита во земјата и   пошироко”

Дарко Павловски (правник  во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција). 

  

“Школата за јавни политики Мајка Тереза е одлична можност за   вмрежувањена граѓанските активисти од сите генерации во Македонија преку   создавање на форум за размена на идеи и мислења за сегашните, минатите и   идните предизвици на нашето општество. Оваа школа претставува ретка прилика   за согледување на домашните општествени проблеми во меѓународен контекст,   како и за отворање на прашања од меѓународната сцена кои имаат свое влијание   во домашните општествени текови”

Катерина Тодоровска (Магистер по европски студии на универзитетот во Хамбург, Германија).

 

“Незаборавно искуство пропратено со моменти на професионализам и   дружење со една група на млади и перспективни луѓе, идни лидери во своите   области. Стручните дебати, стекнатите нови вештини во однос на процесот на   креирење јавни политики, како и размената на меѓусебните ставови на дадените   проблематики, се цврста основа врз која оваа школа ја гради својата иднина но   и ја промовира иднината на нејзините учесници.” 

Оливер Станоески (докторант и стручен соработник на Институтот за безбедност,   одбрана и мир при Филозофскиот Факултет во Скопје)   

 

Учеството на школата за Јавни Политики”Мајка Тереза”   претставува едно многу позитивно искуство бидејќи преку организираните   предавања од реномирани предавачи се дава можност за запознавање и   продлабочување на знаењата на актуелни теми од домашната и меѓународната   политика. За квалитетот и реномето на школата најмногу говори фактот што таа   е подржана и финансирана од страна на Советот на Европа. Една од најважните   работи во учеството на оваа школа е прекрасната атмосфера за работа која   претставува добра подлога за стекнување на нови искрени пријателства кои   продолжуваат понатаму да се одржуваат. На крајот би сакала да упатам голема   благодарност до организацискиот тим на школата за нивниот професионален но   истовремено и другарски однос кон сите учесници на првата генерација на   школата. “

Линдита Шакири Атанасова   (Советник во општина Аеродром)  

 

“Му благодарам на ЦРПМ за прекрасното искуство кое што ми го   овозможи Школата за Јавни Политики”Мајка Тереза”. Во рамките на школата   запознав прекрасни млади и паметни луѓе, остварив значајни контакти, не само   приватно, туку и професионално, луѓе со кои што соработувам и денес. Вреди да   се спомене и сесијата во Страсбург која ја прави оваа школа незаменлива”

Дијана   Стојановиќ Ѓорѓевиќ (докторант; вработена во институтот за социолошки и   политичко-правни истражувања).