Паралелно со програмата за градење капацитети, Smart Start Hub има воспоставено фонд за граѓанските организации кои сакаат да се трансформираат во социјални претпријатија. Фондот инвестираше 60.000 евра за работа на 10 граѓански организации кои во првите две години беа подложени на програма за градење капацитети и се натпреваруваа за startup грант врз основа на целосно развиен бизнис план. Успешните организации во кои ЦИКП го инвестираше Smart Ѕtart фондот, може да се најдат во портфолиото на Smart Start.

Доколку би сакале да го потпомогнете Smart Ѕtart социјално – претприемачки фонд за поддршка на граѓанските организации, Ве молиме донирајте овде (да се додаде копче за донации).