ЦИКП ја иницираше македонската буџетска програма во 2004 година која опфати: Анализа на буџетската транспарентноста на локално ниво: градење на капацитети преку изготвување граѓански водич за буџети и Обука за транспарентно и партиципативно буџетирање на локално ниво на активисти од граѓанското општество и локални службеници. ЦИКП е член на меѓународното буџетско партнерство и има изработено индекс за транспарентност во буџетскиот процес – Индекс на отворен буџет кој ги поставува одредниците за реформа на македонскиот буџетски процес согласно Меѓународен индекс за транспарентност на буџетот. Конечно, ЦИКП има изградено капацитет и менторираше мрежа на граѓански буџетски надзорници, која истата беше надградена со нова мрежа која воведува родова перспектива во анализата на буџетите.