Ана Блажеска има завршени мастер студии по Европски политички и административни студии на Колеџот на Европа во Бриж, мастер студии по конференциско толкување на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и специјалистички студии по кинески јазик и култура на Универзитетот за странски студии во Пекинг. Претходно работела како државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, советник за соработка со меѓународни организации во Владата на Република Македонија и фриленс толкувач со акредитација од ЕУ. Блажеска е алумна на Меѓународната програма за жени-лидери на американскиот Стејт Департмент и школата за јавни политики Мајка Тереза. Во областите на интерес вбројува меѓународни односи од аспект на политика, економија и безбедност, ЕУ и европски фондови, управување со циклусот на јавни политики, родови прашања и миграциска политика.

E-mail: blazheska@crpm.org.mk , ana.blazeska84@yahoo.com

RESUME | CV