Како дел од мрежата на граѓански организации во пост-југословенските земји, кои се залагаат за формирање на официјална регионална комисија, го анализираме процесот на помирување по конфликтот во 2001 година. Целта на овој процес е да се утврдат фактите за воените злосторства и другите сериозни нарушувања на човековите права  на територијата на поранешна Југославија во периодот од 1 јануари 1991 година до 31 декември 2001 година.