Соочувањето со тековните и идните структурни промени бара зголемување на можностите за вработување. Со ваквите промени се поттикнуваат иновации и усвојување на нови технологии, но и се зајакнува продуктивноста преку забрзување на прераспределбата на трудот од помалку квалификувани/помалку продуктивни активности на повисоко квалификувани и попродуктивни, истовремено подобрувајќи ја и благосостојбата на работниците.