Родовите прашања се фокус на ЦИКП од 2007 година. Значаен факт е тоа што првата проценка на влезните точки за родово одговорно буџетирање беше направена токму од аналитичарите на ЦИКП. Оттогаш, родот е вклучен во целокупните анализи на нашите политики и застапувања. Тимот на ЦИКП ги анализира разликите во начинот на живеење помеѓу мажите и жените, особено оние коишто доведуваат до социјална и економска нееднаквост. Оттука се развиваат политики и се испорачуваат услуги со цел да се адресираат постоечките нееднаквости и да се постигнат позитивни промени за жените.