ЦИКП има развиено методологија за потребите на обуките заснована на посебно осмислени тренинг сесии кои применуваат модуларни методи за обука лице- в-лице и онлајн тренинг платформи (webinars). Организацијата овозможува бројни обуки за анализа и креирање на политики, стратешко планирање, ex-post проценка и надгледување, партиципативно буџетирање, анализа на трошоци и родово буџетирање, истражувачки методи, внес на податоци и анализи, управување со проекти финансирани од ЕУ и друго. Обуките се интерактивни и содржат многу практични примери и студии на случај.
Home Обуки