Образувај за да превенираш

Образувај за да превенираш – Јакнење на училишниот кадар и родителите за развивање младинска отпорност кон насилниот екстремизам

Почнувајќи од март 2017 година, конзурциум предводен од ЦИКП започна со имплементација на проектот Е2П финансиран од ЕУ преку STRIVE програмата имплементирана од страна на Хедаја центарот за извонредност во спречување насилен екстремизам. Генералната цел на проектот е развивање отпорност во заедницата кон радикализација и насилен екстремизам. Главната цел треба да биде исполнета преку  комплетирање на следните специфични цели: Прибирање основни информации за потребите за тренинг; Да се овозможи наставниот кадар и стручните служби во училиштето, родителите и претставниците на општинската администрација да препознаат рани знаци на радикализација; Да се зајакнат капацитетите на општините за да воспостават „систем за рано предупредување“ од радикализција; Застапување за институционализација на системот за рано препознавање на случаи на радикализација.