Home Истражување

Истражување

ЦИКП располага со технички и човечки ресурси, знаење и искуство за спроведување квантитативни и квалитативни истражувања во земјава и поширокиот регион на Југоисточна Европа. Квантитативните истражувања главно се засновани на истражувачките капацитети на ЦИКП. Што се однесува пак до техничките ресурси, ЦИКП располага со: софтверски систем за внесување истражувачки податоци, систем за примероци и 6 фиксни телефонски линии кои овозможуваат симултано истражување по телефон. Исто така организацијата има подготвен план за спроведување теренски истражувања во земјата и пошироко. Квалитативните истражувања се спроведуваат преку користење различни пристапи, најчесто индивидуални интервјуа и /или фокус групи. Овој тип истражувања се водат од искусен и образуван тим –  аналитичари на јавни политики и експерти во соодветни полиња кои претставуваат предмет на истражувачкиот интерес.

Posts related to Research

Latest Web posts

5,631FansLike
287FollowersFollow
11SubscribersSubscribe