Извршен Одбор

Г-ѓа Марија Ристеска е проф. д-р по политички науки од Универзитетот  „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и магистер по европска јавна администрација и јавни политики од Католичкиот Универзитет во Лувен. Покрај големиот број политички студии за европската интеграција на Македонија, развојот на јавните политики, доброто владеење, здравје, род и миграции, Марија е ко-издавач на книгата „ Европски закон за мали и средни претпријатија (МСП)“. Таа има 10-годишно искуство како советник во ЕУ и ОН агенции. Управува со една програма во Националниот демократски институт (НДИ )и со портфолиото за образование на Светската банка во Македонија. Ристеска е основач на Центарот за истражување и креирање политики.

Email:  risteska@crpm.org.mk

CV | Resume


Г-дин Жидас Даскаловски има докторирано на Оделот за политички науки на Универзитетот на Централна Европа. Има издадено бројни научни статии  за политиката во регионот Југоисточна Европа, како и ко-издадено книги меѓу кои: „Разбирањето на војната во Косово“ (Френк Кас: Лондон, 2003) и „Десет години по Охридскиот рамковен договор: Лекции (кои треба ) да се научат од македонското искуство“, (ЦИКП и Фридрих Еберт Стифтунг: Скопје 2012). Професор е по политички науки и еден од најистакнатите политички научници во земјата, како и директор на Школото за јавни политики „Мајка Тереза“ подржано од Советот на Европа.

CV | Resume List of Publications

Проф. д-р Даскаловски е прогласен за  Млад научник на годината 2008, од страна на Македонската академија на науките и уметностите, тој е еден од Истакнатите личности на Битола од Универзитетот „Св.Климент Охридски“ и е корисник на голем број истакнати истражувачки стипендии, меѓу кои се вбројуваат оние од  Друштвото  Лорд  Дарендорф на Колеџот „Св. Антони“ од универзитетот Оксфорд, Школото за словенски и источноевропски студии, Катедрата за македонски студии, и Советот за истражување на социјални науки/ Друштвото Етнобарометар на Универзитетот „Северна Каролина“. Има напишано извештаи за земјата Македонија  за Фридом Хаус/Нации во транзит, Индекс  на Отворен Буџет, Глобален извештај за интегритет, Бертелсманов Индекс  за  трансформација, Граѓански ориентирани анализи на УНДП, Извештај за човечки развој на ОН. Неговата експертиза е значајна во полето на политичката анализа воопшто, а особено во поглед на децентрализацијата, демократизацијата и етничките и мултикултурните прашања. Проф. д-р Даскаловски има темелно искуство во политичкото истражување работејќи за Центарот за истражување и креирање политики, проектот Општества разорени од војна, Иницијативата на локалната управа, Оделот за економски и социјални работи на Обединетите Нации и Иницијативата за европска стабилност. Беше главен советник на лидерот на Нова Демократија, господинот Имер Селмани, за време на претседателските и локалните избори во 2009.

E-mail: Daskalovski@hotmail.com Мобилен: +38970231 949


Г-ѓа Ана Мицковска Ралева е дипломиран психолог од Универзитетот  Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје и магистер по образование од Универзитетот во Кембриџ, Велика Британија. Има работено како проект асистент во два УСАИД проекти и има долгогодишно искуство како водич за анкети во Брима Галуп. Нејзините интереси се движат од прашања поврзани со социјалната психологија (односи во групи, создавање стереотипи и предрасуди. влијанието на медиумите во формирањето мислење) до прашања поврзани со модерниризањето и подобрувањето на квалитетот во образованието. Ги има издадено своите студии во домашни и странски весници и презентирано своите истражувања на неколку интернационални конференции. Нејзините области на специјализација вклучуваат: едукација во политичкото истражување, мониторинг и евалуација на проекти и квантитативна анализа на податоци.

E-mail: amickovska2@yahoo.commickovska@crpm.org.mk  Мобилен: ++389 2 783 821

CV | Resume