Состанок со Министерот за локална самоуправа, господинот Тахир Хани

0
674

 

Во петокот на 07.03.2014, Проектниот тим на Центарот за истражување и креирање на политики  предводен од Извршната директорка  Марија Ристеска, во рамки на проектот „Размена на најдобрите ЕУ практики за следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“, имаше состанок со Министерот за локална самоуправа, господинот Тахир Хани,  на кој присуствуаа шефот на кабинетот на министерот, госпоѓа Вијоса Калиќи,  Државниот испектор за локална самоуправа, господин Рахим Муслиу и претставници од кабинетот на министерот. Целта на состанокот беше дефинирање и правно регулирање на соработката помеѓу министерството и ЦИКП во рамки на проектот, што би резултирало со потпишување на Меморандум за соработка.

На состанокот беа подетално претставени целите на проектот, како и очекуваните резултати од проектот, а посебен акцент беше ставен на придобивките од проектот за Министерството за локална самоуправа во рамки на нивниот стратешки план. Исто така, предмет на дискусија на состанокот беше и евентуалното кофинансирање на дел од проектните активности , кои што се во согласност со целите на Министерството за подигнување на транспаретноста и отчетноста на локалната самопурава, како дел од програмата за добро владеење на локално ниво.

Состанокот од двете страни беше оценет како успешен, а двете страни изразија подготвеност за продлабочување на соработката и во иднина.

 

Овој проект е финансиран од Европската Унија

 

 


 

MINUTES FROM THE MEETING WITH THE MINISTER FOR LOCAL SELF-GOVERNMENT, MR. TAHIR HANI

On Friday, 07.03.2014, the project team of the Center for Research and Policy Making, led by the Executive director Marija Risteska , within the frames of the project: Exchange of EU best practices for monitoring anticorruption on local level, had a meeting with the Minister for Local Government, Mr. Tahir Hani, on which also took part the Head of the Minister’s cabinet, Vijosa Kaliqi, the State inspector for local government, Mr. Rahim Musliu, and other representatives of the Minister’s cabinet. The goal of the meeting was defining the scope and legal regulation of the cooperation between the Ministry and CRPM within the framework of the project, which would result in signing of Memorandum of cooperation.

On the meeting were presented the objectives of the project in details, as well as the expected results from the project, with a special emphasis on the benefits from the project for the Ministry for Local Self-Government within the framework of the Ministry’s strategic plan. Also, subject of discussion was the possibility the Ministry to co-finance part of the project activities which are in line with the objectives of the Ministry.

Both parties assessed the meeting as  successful and expressed readiness for deepening the cooperation in future.

 

Project: Exchange of EU best practices for monitoring anticorruption on local level