19.06.2015 > Report from awareness raising campaign

Promotional and awareness raising campaign for the project: “Exchange of EU best practices in monitoring anticorruption measures at local level”
      

15.06.2015  > Поставен Билборд ЛОТОС

Поставен е ЛОТОС билборд во близина на Битола, како дел од кампањата за подигнување на свеста за имплементација на практиките за добро управување на локално ниво.
     

10.06.2015 > Billboard 5

Изготвен е ЛОТОС билборд како дел од кампањата за подигнување на свеста за имплементација на практиките за добро управување на локално ниво.
    

17.05.2015 > Infografik – 5

Учеството во донесувањето одлуки во општините е едно од основните права на граѓаните. Без разлика на тоа што и самиот закон за локална самоуправа предвидува широк спектар на облици на граѓанско учество, ова право на граѓаните, а од друга страна обврска на општината, се смета за еден од начините за остварување на локалната демократија и без тоа да биде прецизно наведено во законската регулатива…
   

16.05.2015 > Infografik – 4

Последниот показател на листата е оној со кој се мери дали општините имаат развиено механизам за мониторинг за спроведување на локалните политики и дали истите подготвуваат извештаи за напредок за овие политики.Според резултатите од истражувањето, само 19% од општините ги имаат исполнето овие показатели што придонесува кон отчетноста на општината…
      

14.05.2015 > Препораки – Recommendations

Препораки за добро управување на локално ниво за Вардарски плански регион, Источен плански регион, Југозападен плански регион, Југоисточен плански регион, Пелагониски плански регион, Полошки плански регион, Североисточен плански регион и  Скопски плански регион.
    

13.05.2015 > LOTOS Study

Студија за локална отчетност транспарентност и одговорност ЛОТОС 2014, ,
    

05.05.2015 > Meѓународна конференција за добро управување на локално ниво – ЛОТОС

Во хотел Гранит – Охрид, од 28-30 Април 2015 год. се одржа Меѓународна конференција на тема „Размена на најдобрите практики од Европската Унија во следење на антикоруптивни практики на локално ниво“…
    

15.04.2015 > Infografik – 3

Фактот дека ниедна општина од примерокот не објавува колку вкупно договори потпишале или раскинале во текот на годината и само 7% ги објавуваат потпишаните договори за јавни набавки, укажува дека јавните набавки се областа со најголем ризик од корупција…
   

14.04.2015 > Infografik – 2

Основните акти и документи за функционирање на општината не се објавени од сите општини и покрај законската обврска за тоа.Ова е загрижувачки податок, бидејќи Деловникот, Статутот и буџетот на општината би требало да бидат достапни за сите граѓани на барем на нивно барање, а препорачливо е и истите да бидат објавени и на општинската веб страна…
    

13.04.2015 > Infografik – 1

Индексот за добро управување на локално ниво ЛОТОС го мери управување то на скала од 1 до 10. Просечниот резултат од испитаните општини во истражувањето ЛОТОС е 3,53. Резултатите од истражувањето покажуваат дека поголем број од општините (53 % од 43 општини) имаат резултат под просечните 3,53…
   

06.04.2015 > Проверка на резултатите од ЛОТОС истражувањето

Со работен ручек на истражувачкиот тим на ЛОТОС, свечено беше  комплетирано истражувањето.На тридневната работилница, на која што беше присутна и експертот за методологија од Хрватска г-ѓа Нивес Миошиќ Лисјак, беа проверувани резултатите преку второ читање (peer review) од истражувањето пред да бидат доставени до општините…
    

24.03.2015 > ЛОТОС проектот претставен пред ревизор од Европскиот ревизорски суд

Вчера во посета на ЦИКП беа ревизорот од Европскиот ревизорски суд (ЕРС), г-ѓа Стефани Жирар и г-ѓа Ирена Иванова, програмски раководител во Делегацијата на Европската Унија во Македонија. Посетата на ЦИКП беше дел од програмска ревизија на Делегацијата на Европската Унија од страна на ЕРС, во чии што рамки е ЛОТОС проектот…
   

18 март 2015 > Финализирање на ЛОТОС истражувањето: Резултатите од првата систематска ревизија на транспаретност на локално ниво во Македонија – НАСКОРО!

ЛОТОС истражувањето кое што се спроведува во рамки на проектот „Размена на најдобрите ЕУ практики во следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“ влегува во финалната фаза…
   

03.10.2014 > ЛОТОС – за потранспарентни општини

Здружението за Локален Рурален Развој (ЗЛРР), како партнер на (ЦИКП) Центар за Истражување и креирање политики е во фаза на имплеметирање на истражувањето ЛОТОС, дел од проектот „Размена на најдобри ЕУ практики за следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“, чија што главна цел е намалување на антикорупцијата на локално ниво…
    

25.09.2014 > Извештај за текот на ЛОТОС истражувањето од југоисточниот плански регион

Бети ПејеваКолку е транспарентна работата на општините, колку општинските служби се отворени кон граѓаните и колку граѓаните имаат можност да се вклучат во креирањето на локалните политики? Колку реално е функционална транспарентноста која локалните администрации ја имаат како обврска?…
    

11.08.2014 > Општините на пат кон поголема транспарентност, одговорност и отчетност кон граѓаните

Јулијана Давкова и Бети ПееваОпштините Штип, Карбинци, Зрновци и Свети Николе се разликуваат според нивото на развој, досегашното искуство и успех во процесот на децентрализација. Ова го покажуваат сознанијата до кои дојде здружението ЕХО Штип во првата фаза на истражувањето за актуелните практики од аспект на транспарентноста, одговорноста, отчетноста и отвореноста на општините…
   

25.07.2014 > Еколошка групација Грин Пауер, Велес

Еколошката Групација „Грин Пауер„ како партнер на ЦРПМ, од мај годинава започна со реализација на проектот ЛОТОС чија основна цел е да се испита отвореноста, транспарентноста и отчетноста  во работата на 5 општини од Вардарскиот регион…
   

08.07.2014 > Слабата пресретливост на општинската администрација-предизвик за ЛОТОС

Општинската администрација генерално не одговара на дописи доставени преку електронска пошта. Ова е првичниот впечаток од досегашното спроведување на истражувачките активности од ЛОТОС, (Студија за локална транспарентна и отчетна самоуправа) во чии рамки од мај годинава Центарот за истражување и креирање политики, заедно со уште 6 проектни партнери ја испитува отвореноста и отчетноста на 43 општини во Македонија…
   

26.05.2014 > Флаери за ЛОТОС

Изготвени се флаери,
   

15.04.2014 > LOTOS Press conference, Skopje

On April 15th 2014 a press conference on the start of the LOTOS research process took place in Hotel “Continental” Skopje. Speakers of the press conference were Mr. Robert Liddell, Head of Political Section, EU Delegation in Skopje; Ms. Marija Risteska – Executive Director of the Center for Research and Policy Making Skopje; and Ms. Nives Miosik Lisjak, research expert from the CSO GONG Croatia…
   

14 -16.04.2014 > LOTOS – Methodology Workshop, Skopje

In the period between 14 -16.04.2014 workshop on Methodology of the Research LOTOS took place in Skopje. The workshop was attended by LOTOS researchers from the partner CSOs from Macedonia, as well as by other national stakeholders, such as by representatives of the State Commission for Anticorruption, Ministry of Local Self-Government and ZELS. The workshop was led by the CRPM LOTOS-team, and by the Croatian expert from the partner CSO GONG…
   

26.03.2014 > Трет координативен состанок на проектните партнери во рамки на проектот: „Размена на најдобри ЕУ практики за следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“

Во средата, 26.03.2014 год, во малата конференциска сала на хотелот Холидеј Инн во Скопје се одржа третиот координативен состанок на проектните партнери во рамки на проектот „Размена на најдобри ЕУ искуства во следење на антикоруптивни практики на локално ниво“. На координативниот состанок беа опфатени неколку аспекти од методологијата за истражувањето во кое ќе бидат опфатени 43 општини од сите 8 плански региони во Македонија…
   

11.03.2014 > Интервју за германското национално радио Deutschlandfunk

На 11.03.2014 (понеделник) тимот на Центрот за истражување и креирање политики, Александар Цеков и Петранка Делова-Миладинова дадоа радио интервју за германското национално радио Deutschlandfunk. Во интервјуто, кое се планира да биде дел од 20 минутна радио-репортажа за Македонија и напредокот на реформите во  рамки на Евроинтегративниот процес, тимот на ЦИКП рефлектирајќи на оваа тема, меѓудругото ги претстави и активностите во рамки на проектот „Размена на најдобри ЕУ практики во следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“ како една од области која што е особено важна во Евроинтегративниот процес на земјата…
    

10.03.2014 > ЛОТОС во медиумите

Утрово во голем број на медиуми се појавија наслови:“ ЛОТОС ќе ја испитува корупцијата во Охрид, Струга, Вевчани и Кичево“,“ Корупцијата во Охрид, Струга, Вевчани и Кичево под лупата на ЛОТОС’’,“ Локалната агенција за развој ќе истражува дали има корупција во локалните власти“ …
   

07.03.2014 > Состанок со министерот за локална самоуправа, господинот Тахир Хани

Во петокот на 07.03.2014, Проектниот тим на Центарот за истражување и креирање на политики  предводен од Извршната директорка  Марија Ристеска, во рамки на проектот „Размена на најдобрите ЕУ практики за следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“, имаше состанок со Министерот за локална самоуправа, господинот Тахир Хани,  на кој присуствуаа шефот на кабинетот на министерот, госпоѓа Вијоса Калиќи,  Државниот испектор за локална самоуправа, господин Рахим Муслиу и претставници од кабинетот на министерот. Целта на состанокот беше дефинирање и правно регулирање на соработката помеѓу министерството и ЦИКП во рамки на проектот, што би резултирало со потпишување на Меморандум за соработка…
   

27.02.2014 > ЛОТОС – Втор координативен состанок помеѓу ЦИКП и проектните партнери на локално ниво

На 27.02.2014 година, во конференциската сала на ресторанот „Воденица„ во Скопје, се одржа втората координативна средба помеѓу Центарот за истражување и креирање политики и партнерските организации, во рамки на проектот „Размена на најдобри ЕУ практики во следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“. Главна цел на средбата беше поставување на методолошката рамка на истражувањето после студиската посета во Загреб, како и пополнување на прашалник за проценка на потребите за обуки при следењето на антикоруптивните практики, од страна на локалните партнери…
   

10-13.02.2014 > Студиска посета на Загреб

Во периодот од 10.02.2014 до 13.02.2014 се реализира студиска посета на Загреб, една од носечките активности во рамките на проектот „Размена на најдобри практики од ЕУ во областа на следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“. Целта на студиската посета, во која учествуаа Проектниот тим на ЦИКП, локалните истражувачи и претставници од државните институции и ЗЕЛС, беше размена на искуства со партнерот од Хрватска – невладината организација „Гонг“ во поглед на дефинирање на методологијата на истражувањето кое ќе се реализира во Македонија…

  


Овој проект е финансиран од Европската Унија Проектот го спроведува Центар за истражување и креирање политики