ЛОТОС – Втор координативен состанок помеѓу ЦИКП и проектните партнери на локално ниво

0
546

На 27.02.2014 година, во конференциската сала на ресторанот „Воденица„ во Скопје, се одржа втората координативна средба помеѓу Центарот за истражување и креирање политики и партнерските организации,  во рамки на проектот „Размена на најдобри ЕУ практики во следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“. Главна цел на средбата беше поставување на методолошката рамка на истражувањето после студиската посета во Загреб, како и пополнување на прашалник за проценка на потребите за обуки при следењето на антикоруптивните практики, од страна на локалните партнери.

На состанокот меѓу другото, се дискутираше за зголемување на примерокот за истражувањето, односно бројот на првично планираните 26 општини, а остана да се прецизира уште конечната листа на општини кои би влегле во истражувањето.

Вториот дел од состанокот беше наменет за дискусија околу информативната кампања за подигање на свеста кај граѓаните за антикоруптивните практики. Беше предложено да се направи страна на социјалните мрежи за подобра координација на членовите на проектниот конзорциум, како и подобро запознавање на граѓаните за активностите кои што се преземаат во рамки на проектот. Истите имаат за цел зголемување на транспарентноста и отчетноста на општините, како дел од борбата против корупција.

Проект: РАЗМЕНА НА НАЈДОБРИ ЕУ ПРАКТИКИ ВО СЛЕДЕЊЕ НА АНТИКОРУПТИВНИ МЕРКИ НА ЛОКАЛНО НИВО

 

 


LOTOS – SECOND COORDINATION MEETING BETWEEN CRPM AND LOCAL PROJECT PARTNERS

 

On 27.02.2014, the second coordination meeting between the Center for Research and Policy Making and its local partner organizations was held in the conference room of the restaurant Vodenica in Skopje. The main goals of the meeting were to set the methodological framework of the research after the study tour in Zagreb, and conduction of surveys for training needs assessment, for the purposes of the LOTOS research.

An important topic of the meeting was the increase of the number of previously planned 26 municipalities and to decide on the final list of municipalities, which will be subject to this research.

The second part of the meeting was dedicated to the informational campaign for raising of  public awareness for anti-corruptive practices. Creation of a web page on the social networks which will contribute to better coordination between project members, as well as for raised visibility about the project activities was agreed as well.

Project: EXCHANGE OF EU BEST PRACTICES IN THE AREA OF ANTICORRUPTION MONITORING ON LOCAL LEVEL