GENDER AND SECURITY: LAUNCHING OF REGIONAL ASSESSMENT REPORT ON THE IMPLEMENTATION OF NAP/AP 1325 IN THE WESTERN BALKANS

0
532

The Center for Research and Policy Making in partnership with the Parliamentary Committee on Equal Opportunities for Women and Men organized public presentation of the Regional Assessment Report on the Implementation OF NAP/AP 1325 in the Western Balkans(Albania, Bosnia and Herzegovina, Macedonia, Kosovo and Serbia). The event took place on the 9th of October in the National Assembly of the Republic of Macedonia.  The aim of the event was launching of the research findings of the Regional Assessment Report on the Implementation OF NAP/AP 1325 in the Western Balkans, with special emphasis on the implementation of NAP 1325 in Macedonia.

 

 

The following speakers addressed the audience:

  • Liljana Popovska, Chairperson of the Parliamentary Committee on Equal Opportunities for Women and Men
  • Elena Grozdanova, State Councilor on Gender Equality, Ministry of Labor and Social Policy
  • Biljana Stefanovska, Representative of the Commission of Equal Opportunities in the Ministry of Defense
  • Dominika Stojanovska, Head of UN Women Office in Macedonia
  • Marija Risteska, Executive Director of the Center for Research and Policy Making
  • Elena Anchevska, Researcher, CRPM

  

The public presentation welcomed members of the Parliamentary Committee on Equal Opportunities for Women and Men, Coordinators and members of Municipal Commissions on Equal Opportunities, representatives of Ministries, as well as women’s NGOs and the media.

 

 

 

  

 

ПРОМОЦИЈА НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АКЦИСКИОТ ПЛАН НА  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ЖЕНИ, МИР И БЕЗБЕДНОСТ

Центарот за истражување и креирање политики во соработка со Парламентарната Комисија за еднакви можности организираше промоција на извештајот за спроведувањето на Акцискиот план на Република Македонија за жени, мир и безбедност и презентација на заклучоците од истиот.  Настанот се одржа на 09.10.2013 во Собранието на РМ.

ЦИКП со поддршка на Фондот за жени на ООН (UN Women) во периодот Ноември 2012-Март 2013, го спроведе истражувањето за проценка на спроведувањето на Акцискиот план за жени, мир и безбедност во Македонија, како дел од регионален проект кој ги вклучуваше Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово и Србија.

Наодите покажуваат дека се направени напори за донесување на реалистичен акциски план согласно контекстуалните специфичности, потреби, приоритети и капацитети на земјата. Истовремено, едно од главните позитивни обележја од процесот на донесување на акцискиот план е транспарентноста и партиципативноста со кој истиот се одликува, а во кој беа вклучени повеќето релевантни чинители, меѓу кои претставници на држанивните органи, академските институции и женските организации.

Сепак, ЦИКП детектираше предизвици и слабости. Имено, тие се поврзани со одржливоста на имплементацијата и финансиските средства потребни за во иднина бидејќи засега домашниот НАП предизвикува финансиски импликации. Доколку Владата не ги вклучи целите и активностите предвидени во НАП 1325 во своите средно-рочни и долго-рочни планови и не алоцира средства за нивната реализација, севкупната одржливост на проектот може да биде сериозно загрозена. Истражувањето истот така покажа дека постојат слаби механизми за следење и оценка на имплементацијата на НАП. Од неопходна важност е граѓанските организации независно да го мониторираат процесот  за да се овозможи контрола (отчетност) и транспарентност на процесот. Зајакнување на улогата на парламентот во следњето на имплементацијата е повеќе од добредојдена, а целиот процес ќе зависи и од политичката волја, родовата сензитивност и професионалните капацитети на институциите.                                         

Иако постои солидна правна рамка за интегрирање на родовата перспектива во безбедносниот сектор, сепак евидентен е јазот меѓу неа и реалноста. Процентот на жени вклучени во безбедносниот сектор во Македонија е релативно мал, со тенденција на драстично опаѓање кога станува збор за високи раководни функции што го оневозможува учеството на жените во донесувањето на безбедносните одлуки за земјата.За илустрација, во Министерството за одбрана од речиси 40% вработени жени, само мал дел од нив се на раководни позиции од каде би можеле да влијаат на безбедносните политики на земјата.

Токму поради овие причини, при интегрирањето на родовата перспектива во безбедносниот сектор , фокусот треба да се помести од застапеност на жените во безбедносниот сектор кон поширок концепт на родово интегрирање. Со тоаќе се адресираат различните потреби и стремежи на жените и мажите во однос на превенција, решавање и менаџирање на конфликтите и градењето мир. 

  

        

  Радио емисија

Radio show