“Full house” at the House of Arts in Kičevo

0
572

 

Around 30 participants from Bitola and Kičevo had undergone training about the energy efficiency and rational use of the energy in the frames of the Initiative to Enhance Public Dialogue on Sustainable Use of Energy project. The attendees came from different profiles of the community life from these two local units: professors in high schools, representatives of local communities, media reporters, regional NGO activists, businessmen and the members of the local school parental councils. The training was held in a relaxed mountain atmosphere at the House of Arts in Kičevo. The two day session comprehended several topics such as basic pillars of energy efficiency and its relation to climate change, energy certification of buildings, new technologies for heating and cooling, financial opportunities for crediting as well as the current stands and effects of energy poverty. The trainings in moments looked as a workshop due to the active involvement of the participants asking different questions and raising dilemmas about the possibilities to improve the energy characteristics in their homes as well as in the companies where they operate especially during the discussions on energy controls. An additional benefit of the training is the establishing of closer relations between the regional NGO’s who attended this event and the draft of potential project ideas that could be implemented in the region of Bitola and Kičevo. Initiative to Enhance Public Dialogue on Sustainable Use of Energy project is funded by the European Union in the frames of the IPA Cross Border Program on Macedonia and Albania. The next activity is a regional workshop which will take link the parties concerned from these two countries in order to exchange ideas and views to intensify mutual cooperation and improve energy portfolios of both of the countries.        

 

 

 


 

“ПОЛНА КУЌА“ ВО КУЌА НА УМЕТНОСТА ВО КИЧЕВО

Близу 30 учесници од Битола и Кичево присуствуваа на тренингот посветен на енергетската ефикасност и рационалното користење на енергија во рамки на проектот Иницијатива за јакнење на јавниот дијалог за одржливо користење на енергијата. Присутните беа од различни слоеви од овие локални заедници како што се професори во средни училишта, преставници на месните заедници, новинари и дописници, активисти од локалните невладини организации, стопанственици и членови на родителски одбори од општинските училишта.  Тренингот се одржа во пријатна планинска атмосфера во Куќата на уметноста во Кичево. Дводвената сесија на предавања опфати неколку теми и тоа  општи начела на енергетската ефикасност и нејзината поврзаност со климатските промени, енергетско означување на згради, нови технологии за ладење и греење,  финансики можности за кредитирање и постоечката состојба во контекст на енергетската сиромаштија. Тренингот на моменти делуваше и како работилиница поради активното вклучување на учесниците со поставување прашање и дискусии околу можностите за подобрување на енергетските карактеристики на нивните живеалишта и деловните објекти, а ова особено беше забележливо за време на дебатата околу енергетските контроли. Дополнителна придобивка беше и воспоставувањето поблиски врски и комуникација помеѓу регионалните невладини организации кои беа дел од овој настан и кои предложија неколку идеи за заеднички прокети кои би можеле да бидат спроведнеи во реонот на Битола и Кичево. Иницијативата за јакнење на јавниот дијалог за одржливо користење на енергијата е проект финаисран од Европската унија во рамки на ИПА програмата за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Следната активност во рамки на овој проект е регионална работилница преку која засегнатите страни од обете земји ќе разменат мислења и ставови по однос на ова прашање со цел интензивирање на меѓусебната соработка и подобрување на енергетските портфолиа на овие држави.