FOURTH AND FINAL WEEKEND SESSION IN THE FRAMEWORK OF SPP “MOTHER TERESA”

0
766

In the period 27-29 May this year in Ohrid, the fourth and final weekend session in the framework of “Mother Teresa” took place. This weekend session almost entirely referred to Macedonia and the latest political developments in our country.

The first day was opened with the topic “The impact of the crisis on European Integration and possible scenarios” and were discussed the causes, current status, but also eventual consequences of the political crisis in Macedonia.

The following day, the present students learned more on the tools and mechanisms to maintain peace, with particular reference to the Macedonian context. During the second day, students were familiarized with the similarities and differences the political processes in France since 1968 and the ongoing developments in our country. In the context of this topic, another lecture followed entitled Gghettoization of Macedonian political parties” when there was a discussion about the parties’ responsibility in the current situations and developments.

The last weekend session for the students of the academic generation 2015/16, was wrapped up with lecture and discussion on the latest protests of civil society organizations and their supporters, legitimacy of their demands and on the capacity to make changes to public dialogue as well as with the topic concerning the influence of the media and media reporting at a time of crisis, with emphasis on Macedonia and ongoing political events.

Lectures in this session were former students of SPP “Mother Teresa” and members of the alumni:

– Zlatko Janovski

– Katerina Veljanovska Blazhevska

– Ivan Denkovski

– Zdravko Veljanov

– Ivan Stefanovski

– Iskra Koroveshovska

See more here:  http://www.crpm.org.mk/?p=18303


 

  

ЧЕТВРТА И ЗАВРШНА ВИКЕНД СЕСИЈА ПРИ ШЈП „МАЈКА ТЕРЕЗА“

 

Во периодот 27-29 Мај оваа година во Охрид, се одржа четвртата, а воедно и завршна викенд сесија при ШЈП „Мајка Тереза“. Оваа викенд сесија речиси во целост се осврна на Македонија и последните политички случувања.

Првиот ден се отвори со темата „Влијанието на кризата врз европски интеграции и можни сценарија“ при што се дискутираше за причините, сегашната состојба, но и за поcледиците од политичката криза во PМ која трае речиси втора година. Следниот ден студентите дознаа повеќе за начините и механизмите за одржување на мир, со посебен осврт на македонскиот контекст.

Во вториот ден се чуја и интересни факти околу политичките процеси и состојби во Фрaнција од 1968 и сличностите со она што сега се случува во нашата земја. Во контекст на оваа тема, се надоврза и предавањето под наслов „Гетоизација на македонските политички партии“ при што се разви дискусија околу одговорноста на партиите за актуелните состојби и процеси.

Последната викенд сесија за студентите од генерацијата 2015/16 беше заокружена со предавањата поврзани со протестите на граѓанските организации и нивните подржувачи, легитимноста на нивните барања и капацитетот да направат промени во јавниод дијалог, а како последна тема беше онаа која се однесуваше на влијанието на медиумите и известувањето во време на кризни ситуации, при што акцент се стави на Македонија и случувањата кои се бележат во медиумскoто известување.

Предавачи на оваа сесија беа дел од алумните на ШЈП, меќу кои:

– Златко Јанковски

– Катерина Велјановска Блажевска

– Иван Денковски

– Здравко Вељанов

– Иван Стефановски

– Искра Коровешовска