Dnevnik 15.09.2013

Share This Post

ОТВОРЕНА ВЛАДА ЌЕ ДОНЕСЕ (ПО)ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ?

Во септември 2011 година отпочна мултилатералниот владин проект Партнерство за отворена влада со потпишување на декларацијата за Отворена влада. Македонија брзо одговори на поканата и стана член на ова партнерство.

Иницијативата има за цел да ги зголеми бројот на достапни информации за активностите кои ги преземаат владите и на тој начин да овозможи граѓаните да бидат подобро информирани. Исто така иницијативата има цел да го поттикне учеството на граѓаните во управувањето, донесувањето на одлуки и на доставувањето на услуги со што се унапредува и демократијата во земјите учеснички.

Отворена влада како иницијатива треба да воспостави ниво на професионалност и интегритет кај државната и јавната служба, но и да овозможи преку користење на нови и иновативни технологии да се зголеми ефикасноста во управувањето. Министерот за надворешни работи во писмото при пристапувањето на земјата кон партнерството истакнува дека „Македонија верува дека отвореноста и граѓанското учество играат главна улога во подобрувањето на отчетноста, промовирањето на иновациите и растот на перформансите“… (More…)

More To Explore