CVE education and municipal practitioners community of practice and exchange workshop/Работилница за пракса и размена на заедницата за борба/спречување на насилен екстремизам (Б/СНЕ) едукација

0
15

The Center for Research and Policy Making and Institute for Democracy and Mediation from Albania are hosting a workshop on CVE education and municipal practitioners community of practice and exchange workshop from 5th to 9th of June 2019 in hotel Hilton Double Tree – Skopje.
Our Mission is dedicated to building a community of practice in the prevention of violent extremism by enhancing dialogue and co-operation among civil society practitioners and front-line workers. At the same time, we believe that harnessing the potential of youth, women and community leaders is key to developing resilient and socially cohesive communities. Together, these actors can provide the needed foundation for partnership and effective action in preventing violent extremism, as well as promote respect for human rights and fundamental freedoms that underpin our comprehensive security approach.
The Mission had the opportunity to highlight these best practices through the two #OSCE Guidebooks: ‘ The Role of Civil Society in P/CVERLT: A Focus on South-Eastern Europe’ and ‘Understanding Referral Mechanisms: Navigating Challenges and Protecting Human Rights’ which were launched during the recent workshop that took place in Skopje.
The five-day ‘#CVE Education and Municipal Practitioners Community of Practice and Exchange Workshop’ brought together around 70 front-line practitioners, civil society and experts to share experiences and best practices. It was organized by the Center for Research and Policy Making – Skopje, in co-operation with the Institute for Democracy and Mediation from Albania, in the framework of NATO’s Science for Peace and Security Programme, and supported by the OSCE.

 

 

 

 

 

Во организација на Center for Research and Policy Making и Institute for Democracy and Mediation from Albania, во х.Хилтон – Скопје, од 5ти до 9ти јуни 2019 се одржува работилница за пракса и размена на заедницата за борба/спречување на насилен екстремизам (Б/СНЕ) едукација и општински практичари.
Нашата Мисија е посветена на градење заедница која ќе практикува спречување насилен екстремизам преку подобрување на дијалогот и соработката помеѓу претставниците на граѓанското општество и практичарите од терен. Истовремено, ние веруваме дека искористувањето на потенцијалот на младите, жените и лидерите на заедниците а е клучно за развивање заедници кои се отпорни на негативни влијанија и во кои владее општествена кохезија. Заедно, овие актери може да ја создадат потребната основа за партнерство и делотворно дејствување во спречувањето насилен екстремизам како и да промовираат почитување на човековите права и основните слободи кои го поткрепуваат нашиот сеопфатен безбедносен пристап.
Мисијата имаше можност да ги истакне најдобрите практики преку двата прирачници на ОБСЕ: „Улогата на граѓанското општество во спречувањето/борбата против насилниот екстремизам и радикализацијата која води до тероризам: Фокус на Југоисточна Европа“ и „Разбирање на механизмите за упатување: Справување со предизвиците и заштита на човековите права“ кои беа презентирани за време на работилницата која се одржа неодамна во Скопје.
На петдневната „Работилница за пракса и размена на заедницата за борба против насилниот екстрмеизам (БНЕ) едукација и општински практичари“ присуствуваа околу 70 практичари од терен, граѓанското општество и експерти со цел да ги споделат своите искуства и најдобрите практики. Истата беше организирана од страна на Центарот за истражување и креирање политики – Скопје во соработка со Институтот за демократија и медијација од Албанија во рамки на Програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност, а со поддршка од ОБСЕ.