| Newest | 08 | 07 | 06 | 05 | 04 | 03 | 02 | 01 |

19.04.2012

ПАРТИСКИ И ДРЖАВЕН „БОНАПАРТИЗАМ“

Што е побитно – лидерот на партијата или идеологијата на партијата? Одговорот на ова не сакајќи го даде поранешниот премиер Љубчо Георгиевски кога изјави „кога јас давав власт и моќ…“. Во осум збора поранешниот премиер на Македонија Љубчо Георгиевски најилустративно го скицира начинот на функционирањето на политичкиот систем во Македонија веќе 20 години. „Во 2003 година, кога јас давав власт и моќ…“, изјави неодамна Георгиевски и ја нацрта вистината во однос на тоа како функционираат македонските партии, како функционира власта, како многу работи во оваа држава зависат од волјата, процената, знаењето и умешноста на само еден човек, а тоа обично е лидерот на владејачката партија и прв човек во извршната власт… (More…)

 

04.04.2012

ФРОНТ НА ЛИДЕРИ ШТО ЛОВАТ ГЛАСАЧИ НА ХАРИЗМА

Кредибилитетот кај повеќето лидери на можната опозициска коалиција е нарушен поради минатиот труд, пред сé кај лидерите на СДСМ и на ВМРО-НП, а до некаде и кај претседателот на ДПА. Иако генералната оцена за Жерновски и за Османи е попозитивна, сепак тие не се доволно истакнати, не се многу популарни меѓу народот и не можат на својот грб да понесат поголем дел од коалицискиот товар… (More…)

 

23.03.2012

ЗОРАН ЗАЕВ СОНУВА ЗА ПРАШКА ПРОЛЕТ

Македонија треба буквално да ја преслика Прашката пролет од поранешна Чехословачка од 1968 година и да почне борба за демократски промени и политички реформи во државата, порачува потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, во својата веб-колумна на партиската интернет-страница поврзувајќи го источноевропскиот симбол за човекови права и демократија со пролетта. Дали СДСМ подготвува Прашка пролет во Македонија, дали ставовите на Заев се партиска стратегија или се само првите дилеми што ги отвори неговата колумна. Дополнително што поимот „Прашка пролет“ …

(More…)

 

16.03.2012

АХМЕТИ ВО ПОСТОЈАНО РАНДЕВУ СО СТРАНЦИТЕ

Али Ахмети, лидерот на ДУИ и партнер во власта со ВМРО-ДПМНЕ, се сретна со еврокомесарот Штефан Филе веднаш откако претставникот од Брисел се сретна со премиерот Никола Груевски, за да го почне високиот дијалог на Македонија со Европската Унија. Практиката Ахмети, иако седи во иста влада со Груевски, да се сретнува со меѓународните претставници што ни се во мисија во Скопје или што ја посетуваат државата веднаш откако премиерот ќе се сретне со нив, не е нова. Лидерот на ДУИ својата политичка кариера ја изгради токму на средби со странски претставници.

(More…)

 

09.03.2012

ДУИ ЌЕ ИГРА ЕТНИЧКИ, ВМРО-ДПМНЕ ЕКОНОМСКИ, СДСМ ЌЕ ЛОВИ ГРЕШКИ

Актуелните тензии се добар повод партиите да си обезбедат работа по самитот во НАТО. Меѓуетничките односи, името, евроатлантските интеграции, стабилноста на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, пописот и локалните избори се истите прашања што беа во фокусот на предвидувањата за тоа со што ќе се занимава политиката во текот на минатата 2011 година

(More…)

 

08.02.2012

МЕЃУЕТНИЧKИТЕ ТЕНЗИИ СТИВНАА, НО НЕ СЕ РЕШИЈА

Ни треба стратегија за мирен соживот Иако Владата изрази загриженост за инцидентите и нарушувањето на соживотот, сепак изостана сериозна иницијатива со која отворено ќе се разговара за проблемот и за причините што довеле до него. Меѓуетничките проблеми во Македонија имаат подлабоки корени и на нивно надминување треба да се работи постојано и долгорочно, а не инцидентно само за смирување на моменталната ситуација, сметаат експертите.

(More…)

 

24.01.2012

ЉУБОМОРНИ ПОЛИТИЧАРИ ГО РУШАТ НАЦИОНАЛНИОТ ДУХ

Последниве денови политичарите не се воздржаа да не ни ја поматат позитивната спортска атмосфера. Како да се научени да бидат во центарот на вниманието и како да се љубоморни на големата популарност на спортистите, вели професорката Ванковска за ерупцијата од коментари од партиски функционери дали навивачкиот полет .

(More…)

 

06.12.2011

ЕКСПЕРТИТЕ ПОРАЧУВААТ – СО ПОЛНА СИЛА, НО ДА НЕ СЕ ПОВТОРАТ ГРЕШКИТЕ

Македонија да не ја повтори истата грешка од пред неколку години, кога по признавањето на уставното име од страна на САД како да се намалија активностите на меѓународен план.

Сега треба да се интензивираат нашите активности на надворешен план, порачуваат експертите, по објавувањето на пресудата во Хаг. – Сега е момент да се интензивираат преговорите за спорот со името и да се засили лобирањето за прием во НАТО – изјави за „Нова Македонија“ професорот по меѓународно право Ивица Јосифовиќ.

(More…)

 

08.11.2011

БЕЛГРАД  И  ПРИШТИНА  ЈА ОТВОРААТ  БАЛКАНСКАТА  ПАНДОРИНА КУТИЈА

Познавачите ги отфрлија како шпекулации анализите на западните медиуми за поделба на Косово, за која наводно постоела одредена волја во Белград и во Приштина. Нема опасност од отворање на Пандорината кутија на Балканот, велат овдешните експерти, откако влијателниот „Волстрит журнал“ ги опиша можните последици од реализирањето на оваа идеја за размена на територии.

(More…)

 

01.11.2011

СТУДИРААТ ВО СТРАНСТВО, ЧЕКААТ ВРАБОТУВАЊЕ ДОМА

Во Македонија не постои единствена база на податоци за високообразованите повратници од странство. Ова е заклучокот од последното истражување на Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ), посветен на кадарот што престојува и се образовал надвор од Македонија повеќе од една година. – Доколку завршите средно образование тука и продолжите со студии надвор, системот не ве следи – вели Ристе Змејкоски од ЦРПМ.

(More…)

 

01.11.2011

И ОД ДИПЛОМА ОД НАДВОР НЕМА ФАЈДЕ ДОМА

Кристина Озимец

Дека земјава недоволно се грижи за сопствениот квалитетен кадар доказ е и непостоењето на национална стратегија со која ќе се сертифицираат неформалните знаења стекнати во странство

Државата не ги користи потенцијалите на високообразованите кадри кои заминале од државата, но решиле повторно да се вратат назад за да придонесат за македонската економија. Доказ за ова е последното истражување на Центарот за истражување и креирање на политики.

(More…)

 

01.11.2011

ПОСТИПЛОМЦИТЕ ТЕШКО СЕ ВРАБОТУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА

Повеќе од една третина од оние кои завршиле постдипломски студии во странство не успеваат да најдат работа во Македонија. Високиот просек и амбициозно завршените обуки не се доволна гаранција дека ќе остават добар впечаток кај.

(More…)

 

01.11.2011

СЕ ВРАЌААТ ПОЛНИ СО ЕЛАН,НО НАБРГУ СЕ РАЗОЧАРУВААТ

35 проценти од младите кои се стекнале со високо образование, магистрирале или докторирале надвор од државава и по една година од нивното враќање се невработени. Околу 70 проценти работат на место кое не е соодветно на нивното образование. Дел од младите имаат проблеми и со нострификација на дипломите иако имаат поднесено барање. Враќањето од странство за дел од нив наместо добивка се претвора во залудно изгубено време. Се враќаат како ентузијасти, но набргу се разочаруваат.

(More…)

 

21.10.2011

БРИСЕЛ НИ ГИ БЕТОНИРА ПОЗИЦИИТЕ ЗА ИМЕТО

Наелектризираната атмосфера за спорот со Грција и притисокот од меѓународната заедница може уште повеќе да ги забетонира ставовите на граѓаните за непроменливост на уставното име. Вака се анализираат резултатите од истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Институтот за демократија „Социетас цивилис“, кое покажа дека .

(More…)

 

18.10.2011

НАЕДНАШ ЗАЛАДИ И ВО СКОПЈЕ И ВО БРИСЕЛ

Нема прекин на комуникациите. Нема подметнувања. Партнерите се почитуваат, ама не испуштаат во секоја пригода да си кажат што мислат, без разлика дали партнерот ќе се почувствува навредено. Ова се коментарите на стручната јавност по објавувањето на извештајот за напредокот на земјава на Европската комисија, кој, иако во суштина е многу сличен со претходните, беше соопштен со многу построг речник од досегашниот.

(More…)

 

30.09.2011

ПОРАНЕШНИТЕ КАДРИ ПОВТОРНО НА ЦЕНА ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ

Старите волци им вијат на младите партиски јагниња

Тактички обид да се „замолчат“ поранешните партиски соработници или искрена желба со долгогодишното искуство да дадат придонес во подготвување на партиската стратегија. Во оваа насока се движат објаснувањата на експертите по одлуката на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, по долгогодишните несогласувања и јавни конфронтации, на иста маса да седне со поранешните блиски партиски колеги Ѓорѓи Спасов и Никола Поповски. Трендот на реактивирање на поранешните партиски функционери не е карактеристичен само за СДСМ.

(More…)

 

13.09.2011

MACEDONIAN EXPERTS OFFER ADVICE ON EU VISAS

By Ernest Petrosyan

A seminar regarding EU visa facilitation and readmission was held at the Caucasus Institute for Peace and Development on September 10. The seminar was opened by Macedonian expert Zhidas Daskalovsky, the director of “Mother Theresa” Public Policy School. Daskalovsky shared the Macedonian experience in arranging an EU visa regime facilitation and readmission agreement. This talk was followed by Maria Risteska, the executive director of the Research and Policy Making Centre in Macedonia, who shared the Macedonian experience of monitoring the implementation of a ‘road map’ in this direction.

(More…)

 

24.08.2011

ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ФИКТИВНО НА ЛИСТИТЕ, ГЛАСАЧИТЕ РЕАЛНО ИЗМАМЕНИ

Кога градоначалникот кандидиран за пратеник се откажува од Собранието и на негово место доаѓа непознат пратеник, граѓаните што гласале за него всушност се изманипулирани, велат познавачите

Само делумно ќе се врати можноста за избор во рацете на граѓаните ако се усвојат измените на Изборниот законик, со што градоначалниците кандидирани на парламентарните избори и поддржани од гласачите во иднина ќе мора да ја прифатат функцијата пратеник. Граѓаните се манипулирани од политичките.

(More…)

 

| Newest | 08 | 07 | 06 | 05 | 04 | 03 | 02 | 01 |