Дневник 18.12.2012

0
439

ПАРТИСКИТЕ ПРЕД ИНТЕРЕСИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ И НА ДРЖАВАТА

Разочарани граѓани што се жртви на политичките интереси и слаба држава пред надворешните фактори е епилогот од неуспесите на најголемите партии ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ да најдат заеднички јазик за битни политички и општествени прашања. Ова е оцената на експертите откако двете партиите ги зацементираат своите дијаметрално спротивни позиции за буџетот, лустрацијата, изборниот законик, но и за црвените линии за евроинтеграциските процеси и за спорот со името.