Нова Македонија 13.12.2012

0
466

СКОПЈЕ ДА ЈА МОЛИ СОФИЈА, АТИНА ДА ГЛЕДА СЕИР

Македонија повторно не доби датум за почеток на преговорите со Европската Унија, која, и покрај четвртата позитивна препорака на еврокомисијата, попушти на притисокот од Грција, која, пак, беше поддржана од Франција и од Бугарија. За да добие зелено светло за преговори, нашата земја, според Унијата, мора да покаже напредок во односите со соседите, односно решавање на спорот за името со Атина…