CRPM ви ја претставува социјалната компанија ХуманаС

0
247

Добро утро добри луѓе! Во новата година имаме чест и задоволство да ви ги претставиме Смарт старт социјалните претпријатија кои започнаа со својата работа како резултат на изградените капацитети, старт – ап грантот и менторската поддршка од Добрите брендови!
Денеска ви ја претставуваме социјалната компанија ХуманаС. http://humanas.webs.com/

Ова претпријатие нуди обука и пограма за сертификација на негуватели за стари лица и професионална услуга на нега на стари лица во домашни услови. Старите лица ги добиваат следниве услуги: оддржување на домот, поддршка во дневни активности, психо-социјална поддршка, основна грижа за здравјето и ергономските правила и процедури, како и правна заштита.
Доколку не сакате долго да бидете на листа на чекање за сместување во дом за стари лица или сакате да останете во вашиот дом, а притоа да добивате помош и поддршка од професионалци обратете се кај Смарт старт социјалното претпријатие ХуманаС!

Смарт Старт е проект ко-финансиран од Европската Унија, а имплементиран од конзорциум на партнерски организации од Босна и Херцеговина, Македонија, Хрватска, Србија, Турција и Црна Гора. Центарот за истражување и креирање политики во Македонија ги предводи активностите преку Смарт старт хабот за социјално претприемништво. #smartstart4u