|
|
Пад на буџетската транспарентност
во Македонија,
од 54% во 2008, на 49% во 2010 година
|
Според резултатите од светското истражување
„Индекс на буџетска транспарентност“, на буџетската транспаретност во
Македонија за 2010 и се дадени 49%, од можни 100% транспарентност, што
земјата ја става во категоријата на земји каде Владите сепак и
обезбедуваат на јавноста информации во врска со владиниот буџет и
финансиските активности.
Овој резултат е повисок од просечниот резултат од сите 94
земји опфатени со истражувањето кој е 42%, но понизок од просекот на
резултати од Балканските земји од кои највисока оцена има Словенија и
тоа со 70% буџетска транспарентност.
Во извештајот за буџетската транспаретност се забележува
дека предлог Буџетот на владата и придружните документи не се доволно
јасни, не постои Пред-буџетска изјава, не постои
Граѓански
буџет,
ниту
резиме на Буџетот (најчесто се користи експозето на Министерот за
финансии).
Кварталниот извештај има сериозни недостатоци, а Крајниот
годишен извештај е недоволно исцрпен затоа што не презентираат
моментален јавен долг. Позитивните забелешки се однесуваат на
сеопфатниот Ревизорски извештај, деталната Годишна сметка и сеопфатноста
на донесениот буџет.
Препораките од извештајот се базираат на три клучни
поенти: отпочнување со пракса на правење и циркулирање до Парламентот и
јавноста на Пред-буџетска изјава и Граѓански буџет, зголемување на
сеопфатноста на Владиниот предлог буџет, Кварталниот извештај и
Годишниот извештај (преку вклучување на моменталниот јавен долг во
буџетоти завршната сметка), како и поголемо вклучување на јавноста во
буџетските расправи во Собранието.
Центарот за истражување и креирање политики е по втор пат
партнер на
Меѓународното буџетско партнерство во
изработката на оваа студија за Република Македонија. Истражувањето се
спроведува во 94 земји. Само 7 земји објавуваат детални информации во
врска со буџетот, додека 40 не објавуваат значајни информации за
буџетот. Без овие информации, на јавноста и надзорните институции им е
тешко да ја држат владата одговорна за трошењето на јавни средства.
Извештајот е достапен на
македонски и на
англиски
јазик тука.
Download File,
Format: PDF, Size:937 KB, ENG
Download File,
Format: PDF, Size:173 KB,
MK
|