Home • Papers • Guides • Surveys • Trainings • Evaluations • Activities • Commentaries


CRPM in the Media

24.01.2011

 

ЉУБОМОРНИ ПОЛИТИЧАРИ ГО РУШАТ НАЦИОНАЛНИОТ ДУХ

 

Последниве денови политичарите не се воздржаа да не ни ја поматат позитивната спортска атмосфера. Како да се научени да бидат во центарот на вниманието и како да се љубоморни на големата популарност на спортистите, вели професорката Ванковска за ерупцијата од коментари од партиски функционери дали навивачкиот полет во Белград е израз на патриотизам или на гола подгреана и непотребна еуфорија...

 

06.12.2011

 

ЕКСПЕРТИТЕ ПОРАЧУВААТ - СО ПОЛНА СИЛА, НО ДА НЕ СЕ ПОВТОРАТ ГРЕШКИТЕ

 

Македонија да не ја повтори истата грешка од пред неколку години, кога по признавањето на уставното име од страна на САД како да се намалија активностите на меѓународен план.

 

Сега треба да се интензивираат нашите активности на надворешен план, порачуваат експертите, по објавувањето на пресудата во Хаг.
- Сега е момент да се интензивираат преговорите за спорот со името и да се засили лобирањето за прием во НАТО - изјави за „Нова Македонија“ професорот по меѓународно право Ивица Јосифовиќ...

 

08.11.2011

 

Белград и Приштина ја отвораат балканската Пандорина кутија

 

Познавачите ги отфрлија како шпекулации анализите на западните медиуми за поделба на Косово, за која наводно постоела одредена волја во Белград и во Приштина. Нема опасност од отворање на Пандорината кутија на Балканот, велат овдешните експерти, откако влијателниот „Волстрит журнал“ ги опиша можните последици од реализирањето на оваа идеја за размена на територии...

 

01.11.2011

 

Студираат во странство, чекаат вработување дома

 

Во Македонија не постои единствена база на податоци за високообразованите повратници од странство. Ова е заклучокот од последното истражување на Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ), посветен на кадарот што престојува и се образовал надвор од Македонија повеќе од една година.
- Доколку завршите средно образование тука и продолжите со студии надвор, системот не ве следи - вели Ристе Змејкоски од ЦРПМ...

 

01.11.2011

 

И ОД ДИПЛОМА ОД НАДВОР НЕМА ФАЈДЕ ДОМА

Кристина Озимец

 

Дека земјава недоволно се грижи за сопствениот квалитетен кадар доказ е и непостоењето на национална стратегија со која ќе се сертифицираат неформалните знаења стекнати во странство

Државата не ги користи потенцијалите на високообразованите кадри кои заминале од државата, но решиле повторно да се вратат назад за да придонесат за македонската економија. Доказ за ова е последното истражување на Центарот за истражување и креирање на политики...

 

01.11.2011

 

ПОСТИПЛОМЦИТЕ ТЕШКО СЕ ВРАБОТУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА

 

Повеќе од една третина од оние кои завршиле постдипломски студии во странство не успеваат да најдат работа во Македонија. Високиот просек и амбициозно завршените обуки не се доволна гаранција дека ќе остават добар впечаток кај...

 

 

01.11.2011

 

СЕ ВРАЌААТ ПОЛНИ СО ЕЛАН,НО НАБРГУ СЕ РАЗОЧАРУВААТ

 

35 проценти од младите кои се стекнале со високо образование, магистрирале или докторирале надвор од државава и по една година од нивното враќање се невработени. Околу 70 проценти работат на место кое не е соодветно на нивното образование. Дел од младите имаат проблеми и со нострификација на дипломите иако имаат поднесено барање. Враќањето од странство за дел од нив наместо добивка се претвора во залудно изгубено време. Се враќаат како ентузијасти, но набргу се разочаруваат...
 

 

 

21.10.2011

 

Брисел ни ги бетонира позициите за името

 

Наелектризираната атмосфера за спорот со Грција и притисокот од меѓународната заедница може уште повеќе да ги забетонира ставовите на граѓаните за непроменливост на уставното име. Вака се анализираат резултатите од истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Институтот за демократија „Социетас цивилис“, кое покажа дека ...

 

18.10.2011

 

Наеднаш залади и во Скопје и во Брисел

Нема прекин на комуникациите. Нема подметнувања. Партнерите се почитуваат, ама не испуштаат во секоја пригода да си кажат што мислат, без разлика дали партнерот ќе се почувствува навредено. Ова се коментарите на стручната јавност по објавувањето на извештајот за напредокот на земјава на Европската комисија, кој, иако во суштина е многу сличен со претходните, беше соопштен со многу построг речник од досегашниот...

 

30.09.2011

 

ПОРАНЕШНИТЕ КАДРИ ПОВТОРНО НА ЦЕНА ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ

Старите волци им вијат на младите партиски јагниња

 

Тактички обид да се „замолчат“ поранешните партиски соработници или искрена желба со долгогодишното искуство да дадат придонес во подготвување на партиската стратегија. Во оваа насока се движат објаснувањата на експертите по одлуката на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, по долгогодишните несогласувања и јавни конфронтации, на иста маса да седне со поранешните блиски партиски колеги Ѓорѓи Спасов и Никола Поповски. Трендот на реактивирање на поранешните партиски функционери не е карактеристичен само за СДСМ...

 

13.09.2011

 

MACEDONIAN EXPERTS OFFER ADVICE ON EU VISAS

By Ernest Petrosyan

 

A seminar regarding EU visa facilitation and readmission was held at the Caucasus Institute for Peace and Development on September 10. The seminar was opened by Macedonian expert Zhidas Daskalovsky, the director of “Mother Theresa” Public Policy School. Daskalovsky shared the Macedonian experience in arranging an EU visa regime facilitation and readmission agreement. This talk was followed by Maria Risteska, the executive director of the Research and Policy Making Centre in Macedonia, who shared the Macedonian experience of monitoring the implementation of a 'road map' in this direction...

 

24.08.2011

 

Градоначалниците фиктивно на листите, гласачите реално измамени

 

Кога градоначалникот кандидиран за пратеник се откажува од Собранието и на негово место доаѓа непознат пратеник, граѓаните што гласале за него всушност се изманипулирани, велат познавачите

Само делумно ќе се врати можноста за избор во рацете на граѓаните ако се усвојат измените на Изборниот законик, со што градоначалниците кандидирани на парламентарните избори и поддржани од гласачите во иднина ќе мора да ја прифатат функцијата пратеник. Граѓаните се манипулирани од политичките...

 

 

Next

 

Home | Events | Products | Newsletters | CRPM in the Media | Research Areas | Projects | Press Room | About Us