Реформските мерки на владата се поддржани од граѓаните. Одлуката на владата да се забрани дополнителната работа на државните лекари во приватните болници и амбуланти е поддржана со (62.6%); воведениот рамен данок ужива помала согласност на електоратот бидејќи (41%) се за, а дури (39.6%) се против оваа мерка на владата, но најавата на владата да воведе задолжително средно образование е апсолутно најподдржана со цели (82.7%) од граѓаните на Република Македонија. Ова го покажа анкетата спроведена од Центарот за истражување и креирање политикиво изминатава недела. Истражувањето се реализираше, врз основа на репрезентативен примерок од 1080 испитаници. Други резултати на истражувањето се следниве:

  • Кај Македонците 64% се за забрана на дополнителната работа на лекарите (а 23% се против), 40% се за рамен данок (против се 36%), и за задолжително средно се 86% (наспроти 10%).
  • Кај Албанците 57% се за забрана на дополнителната работа на лекарите (а 33% се против), 48% се за рамен данок (против се 45%), и за задолжително средно се 74% (наспроти 19%).
  • По пол резултатите се следниве. Кај мажите 65% се за забрана на дополнителната работа на лекарите (а 24% се против), 43% се за рамен данок (против се 39%), и за задолжително средно се 80% (наспроти 15%).
  • Кај жените 60% се за забрана на дополнителната работа на лекарите (а 27% се против), 39.5% се за рамен данок (против се 40%), и за задолжително средно се 85% (наспроти 10%).

Искрено Ваши,

Центар за Истражување и Креирање Политики – Скопје

За повеќе информации контактирајте го Г-н Жидас Даскаловски (070231949)