Анкетата е спроведена во период од 1-10 Октомври со изработен прашалник од страна на аналитичарите во Центарот за Истражување и Креирање на Политики со соработка со општина Гостивар.

Во анкетата се опфатени граѓани од следниве населени места:

Општина Гостивар – градот Гостивар и селата: Балин Дол, Беловиште, Бродец, Вруток, Горна Бањица, Горно Јеловце, Горна Ѓоновица, Дебреше, Долна Бањица, Долно Јеловце, Долна Ѓоновица, Железна Река, Здуње, Корито, Куново, Лакавица, Лешница, Мало Турчане, Мердита, Митрој Крсти, Падалиште, Печково, Симница, Србиново, Сушица, Страјане, Равен, Речане, Трново, Тумчевиште, Ќафа, Форино, Чајле и Чегране.

Анкетата е направена врз основа на репрезентативен примерок од 1100 испитаници при што се запазени критериумите за етничка припадност, сооднос на урбано и селско население, мажи и жени.

Некои поинтересни резултати се следниве:

Граѓаните во општина Гостивар не се доволно запознаени со ингеренциите на општината во процесот на децентрализација. По резултатите на анкетата 52.2 % од граѓаните не се запознаени 28,4% се запознаени, додека 19,5% се делумно запознаени. Од тие што се запознаени со ингеренциите интересно е дека 57.1% се Албанци а 29.8% Македонци и 11% Турци и 2.1. останатите . Ако се земе предвид дека во општина Гостивар живеат 66.69% Албанци и 19.58% Македонци анкетата укажува дека кај граѓаните кои се запознаени со ингеренциите на општината има поголем процент на Македонци одколку нивниот процент во бројот на жители што може да укаже дека тие се подобро информирани од другите заедници во општината. Роми кои се запознаени со ингеренциите на општината се под 1% (од граѓаните што рекле дека се запознаени) што е далеку помалку од нивната застапеност во општинското население 2.76% во Гостивар. Кај бројот на делумно запознати процентите се приближни со процентот на заедниците во општината (41.6% од испитаниците што одговориле дека се делумно запознати со ингеренциите се Македонците а кај Албанците бројката е 50%) и Турци 5,6 %. Од бројот на граѓаните што не се запознати со ингеренциите најмногу се Албанци 78.6% а далеку помалку од нивниот број во општината, Македонците 5.9%. што е помалку од нивната бројност во општината што значи дека тие се доволно запознаени со ингеренциите. Во рамките на процентите кај двете поголеми заедници доминираат граѓаните што се делумно запознати со ингеренциите на општината а потоа следат граѓаните што не се запознати (кај Албанците 50% се делумно запознати, 34% не се запознати а 28.5% се целосно запознати, кај Македонците соодносот е 45%-32%-22%,) Кај помалите заедници граѓаните што не се запознаени со ингеренциите на општината доминираат (Кај Турците бројката е 57%, кај Ромите 60%, кај Бошњаците 50% и кај другите 60%) што значи кај нив ургентноста на запознавање со ингеренциите на општината е и поголема одколку кај Албанците и Македонците.

Од горе наведеното јасно е дека повеќето граѓани без разлика на етничка припадност сметаат дека општината треба да ги информира за нејзините надлежности. Мислењата се различни за начинот на кој тоа би се направило, е 26.2% од граѓаните сметаат дека е добро тоа да се прави преку објавување и дистрибуција на брошури, додека 24.7 сметаат дека тоа треба да се направи преку кампања во медиумите, 10.2 % мислат дека е добро да се има дирекна комуникација со граѓаните во општината, и 38.9% ги подржуваат сите овие форми како начин на информирање на граѓаните за надлежностите на општината. Интересно е дека од испитаницете кои сакаат да се информират со директна комуникација Албанците доминират со 58% додека другите односно 36.6% се Македонци, а Турците и Ромите се со 2.7%.

Граѓаните во огромен број се задоволни од досегашната работа на градоначалникот на Општина Гостивар г- Невзат Бејта и тоа потполно задоволни 57.1%, делумно задоволни 21.5%. Не се задоволни 11.5%, делумно не се задоволни 4.1% а не можеле да оценат 5.8%. По етнички групи постојат разлики на подршката за работата на градоначалникот. Албанците се најзадоволни од работатат на на градоначалникот (од процентот на задоволни граѓани тие доминират со 76,2% додека Македонците се со 11.7 % Турците се со 8.7 %; Ромите со 1% . Кај делумно задоволните најмногубројни се 49.8% Албанците, 31.7% Македонци, 16.7% кај Турци, и 1.8 % другите. Од вкупниот број на граѓани кои се изјасниле дека не се задоволни од работата на градоначалникот 42.1 % се Македонците 47.6 % Албанците 8.3% Турци и останатите 2% се други. Интересно дека Македонци всушност доминират кај граѓаните кои се изјасниле дека не можат да ја оценат работата на градоначалникот (вкупно се 5,8 %) од нив 75% се Македонци, 20 % Албанци и 5% Турци.

Следствено на резултатите од степенот на задолство со работата на градоначалникот се и процентите на подршка за него доколку наскоро има избори во општината. Сегашниот градоначалник би победил со огромно мнозинство на гласови, 77% од граѓаните во општината. Така доколку следната недела би се одржале локални избори во општина Гостивар за градоначалникот со сигурност би гласале 58,5 % од граганите. Исто за него би гласале и 18.2% кои потврдиле дека „би му дале уште една шанса односно подршка.„ Нема да гласаат за градоначалникот 8.2 % (од кои 3.5 % гласале за него порано но сега не би гласале а 4,7% не гласале за него и повторно не би гласале) и 7.5 % кои не знаат за кого ќе гласат и 7.6% кои нема да гласаат.

Градоначалникот подршката ја има кај Албанците. Од граѓаните кои се изјасниле дека со сигурност би гласале за Г-н Бејта 77.8% се Албанци, но и 10.7% се Македонците а процентите кај Турците и Ромите се 6.8% односно 4.2 %.

Од граѓаните кои се изјасниле дека за него не гласале и повторно не би гласале за него, вкупно 4.7% на број, 53% се македонци, 42.9% кај албанци 4.1% кај турците и останатите се други ).

Од груга страна пак оние кои што не знат за кого ќе гласаат (или 7.5 % од граѓаните) 47.6 % Македонци, 36.6% Албанци, 13.4% Турци и 2.4% Роми.

Процентите околу тоа колку самите граѓани ги следат активностите на општината, се следни постојано 43.5%, понекогаш 31%, не ги следат но слушнале 20% и не ги следат 5,5%. Македонците најмалку ги следат активностите на градоначалникот. Од тие граѓани што се изјасниле дека постојано или понекогаш ги следат активностите на градоначалникот две третини се Албанци (66.6% постојано и 67.2% понекогаш ги следат активностите) Македонците се 17.5 % и 20.5% , кај Турците 10% и 10.9% и останатите постојано ги следат 5.9% и понекогаш 2.3%.

На прашањето Дали треба целосно ингеренциите во областа на образованието да бидат под општината(градоначалникот), со оглед на досегашното управување во таа област граганите се изјаснија за следново:

Целосно ингеренциите во областа на образованието треба да бидат под ингеренциите на општината изјавиле 58.2% од граѓаните, дека општината делумно треба да ги има ингеренциите се изјаснија 29.7% од граѓаните додека 11% се изјаснија дека тие не треба да се под ингеренциите на локалната власт, а пак 1.1 % дека не знат. Од граѓаните кои се изјаснија дека ингеренциите во областа на образованието треба да бидат целосно под ингеренциите на општината 86% се Албанци , Македонци се 2.8% Турци 8,9% и 2.3% останати.

Кај граѓаните што мислат дека општината треба да ги има само дел од ингеренциите има од сите поголемите заедници во Гостивар односно Македонци 35.2%, Албанците 45.6%, Турците 14.4% и 4.8% останати. Од оние пак кои мислат дека ингеренциите не треба да под локалната власт 68.5 % се Македонци, Албанци се 21,5% Турци се 5% и 5% се останати.

Како го оценувате управувањето со јавните претпријатија од страна на општината(градоначалникот)

Со оглед на досегашното управување со јавните претпријатија од страна на општината половина од граѓаните се задоволни односно 50.4 % од нив го оценуват позитивно управувањето со јавните претпријатија додека 30.6 % сметат дека тоа е донекаде позитивно а само 14% имат негативно мислење за досегашното управување со јавните претпријатија од страна на општината. 5% од граѓаните не можат да оценат.

Албанците доминират кај граганите кои се изјаснија дека градоначалникот добро управува со јавнитте претпријатија во општината со 71.1% (Македонците се 9.2 %, Турците 10.5% а другите 9.2%). Од друга страна пак Македонците доминират кај граѓаните кои се изјаснија дека негативно е управувањето со јавните претпријатија со 54.5 % од вкупните граѓани кои така се изјаснија, Албанците се од тие испитаници 30.8 % Турци 11% и останати со 3.7%.

Што е тоа што најмногу ви пречи во вашата околина (во општина Гостивар)?

На ова прашање според понудените одговори поголем е процентот на оние кои што мислат дека ништо не им пречи во општината дека се е во ред за тоа се изјаснија 34,6 % Она што им пречи на граѓаните е состојбата со улиците и патиштата 22,5 %, снабдувањето со вода со 23.7 % и 19.2% организираниот урбан транспорт. Овие три најдоминнатни проблеми во општината до сочинуват 65%.

Од граѓаните кои се изјаснија дека снабдувањето со вода е еден од проблемите што ги загрижува граѓаните на оваа општина Македонци се 50.6%, Албанци 40.2 %, Турци се 6.1 % и други се 3.1 %.

Албанците пак доминират кај граганите кои се изјаснија дека патиштата се тоа што најмногу им пречи во општината со 67.6% од вкупните грагани кои се изјанија, Македонци се 10.1% Турците се 18.2 % и 3.2 останати.

Исто така Албанците доминараат меѓу граганите кои одговориле дека еден од проблемите на општината е организираниот урбан транспорт (64.5% од тие граѓани се Албанци) Македонци се 23.7%, Турци се 7.1 и други се 4.7%.

Битно е да се каже дека граганите на општина Гостиварго сметаат дека нивната општина е безбедно место за живеење за тоа се изјаснија 62.5 % од граѓаните. Тие што мислат дека Гостивар е безбедно место за живеење но има лоши делови и улици се 22.1 % од граѓаните, додека пак 13% мислат дека е делумно безбедно и 2.5 дека воопшто не е безбедно место за живеење . Од граѓаните кои што доминират во одговорот дека гостивар е најбезбедно место за живеење се Албанците (79.8 %) после следат турците (9.6 %) и македонците со (7.1 %) а 3.5% се останатите.

Интересно е да се спомне дека Албанците се по информирани за тоа што се се случува во гостивар во однос на безбедноста. Нивниот процент е доминантен исто и во одговорите на граѓаните кои мислат дека Гостивар е безбедно место за живеење но сепак има лоши улици и делови тие сочинуват 60.9 % од вкупните грагани кои се изјаснија за овој одговор, Македонци се 19.3%, Турци се 16%, Роми и останати се 3.7%.

Процентот по етничка припадност на граганите кои мислат дека Гостивар е делумно безбеден е следен Македонците се 68.8 %, Албанците 26.1%, Турци се 2.8%, а останати се 2.8 %.

На наредните избори граѓаните на Гостивар најмногу би гласале за ДУИ 40.5%, па за ДПА 9,2%, ВМРО-ДПМНЕ 6.8%, за ДТП се изјаснија 4.2% СДСМ 3.2% и ПДП 2.4%. За друга партија би гласале 3,9.% а за ниту една (апстиненти) 29,8 % .Од вкупните 40.5% кои се изјасниле дека би гласале за ДУИ од нив 92.7% се Албанци 5.6% се Турци 1.1% се Роми и 0.6 % се останати.. Интересно е што 5,6 проценти од гласачите на ДУИ би биле Турци, односно 1.1% Роми. Кај ДПА 0,1% од гласачите се додека 99.9% би биле албанци. Гласовите на ПДП се само од Албанците.

Од тие што би гласале за ВМРО-ДПМНЕ 96.9% се Македонци, Турци се 1.5%, Роми се 1,6%. Од тие што би гласале за Демократската партија на Турците 68,8% се Турци 28.5 % Албанци 1% Македонци 2 % Роми.

Од тие што не би гласале најголем број се Албанците во Гостивар 56.2%, Македонци се 34.8% Турци 5.8% и Роми се 3.2%.

Од граѓаните кои се изјаснија дека би гласале за друга партија Македонци се 36.4% , Албанците 21,2 % Турците 3 % и Ромите 39.4 %.

Истражувањето е направено врз репрезентативен примерок .