Иванов и Селмани со најстабилни рејтинзи помеѓу претседателските кандидати

Според последното истражување на глачкото тело спроведено од Центарот за истражување и креирање политики, кандидатите Ѓорѓе Иванов и Имер Селмани имаат најстабилни и сигурни рејтинзи кои им гарантираат трка и во вториот круг.

На прашањето –За кого ќе гласате на следниве претседателски избори?;

30,5% од испитаниците се определиле за Иванов,

18,8% за Селмани,

15,6% за Љубомир Фрчкоски,

10,9% за Агрон Буџаку,

5,6% за Нано Ружин,

4,4% за Љубе Бошковски и

2,7% од испитаниците се определиле за Мируше Хоџа.

Над 30% од граѓаните имаат позитивно мислење за Иванов и Селмани. Поконкретно, за Иванов 37,5% од испитаниците одговориле дека имаат позитивно мислење, а за Селмани 32,1% од испитаниците. Трет на листата за кого граѓаните имаат позитивно мислење е Љубе Бошковски, кај 25% од испитаниците. Потоа следат Фрчкоски со 19,8%, Агрон Буџаку со 18,1%, Нано Ружин со 14,3% и Мируше Хоџа за која 9,3% од испитаниците имаат позитивно мислење.

На прашањето –За кој од кандидатите имате негативно мислење?

За сите кандидати, освен за Иванов и Селмани, преку 50% од граѓаните имаат негативно мислење. Први на листата се Мируше Хоџа и Љубомир Фрчкоски. За нив дури 61% од гласачите имаат негативно мислење. Следат Нано Ружин со 57,9%, Агрон Буџаку со 57,7% и Љубе Бошковски за кого 54,7% од испитаниците имат негативно мислење. За Ѓорѓи Иванов 45,1% од испитаниците имаат негативно мислење, додека најамку негативно мислење испитаниците имаат за Имер Селмани, односно само 33,7% од испитаниците имаат негативно мислење за Селмани.

Зачудува фактот што и на претседателските избори економијата останува да биде најголем приоритет за граѓаните, иако претседателот има многу мали ингиренции на ова поле.

Дури 51,1% од испитаниците сметаат дека економијата треба да е приоритет за новиот претседател. Втор по важност приоритет за 27% од испитаниците е влезот на Македонија во ЕУ и НАТО. Меѓуетничките односи како приоритет ги сметаат 11%, решавање на спорот со името е приоритет за 7,4% од испитаниците. Последен приоритет на листата е визната либерализација која за битна ја сметаат 2,5% од испитаниците.

Личниот контакт меѓу избирачите и кандидатите го сметаат за најбитен составен дел на кампањата 40,8% од испитаниците. Јавната дебата меѓу Големите митинзи излегуваат од мода и за овие избори тие ќе бидат битни за само 9,9% од гласачите. Исто така мал е процентот на испитаниците, 8,1%, кои сметаат дека платеното политичко рекламирање треба да се содржи во политичката кампања.

За Вмро Дпмне би гласале 30,9% од испитаниците доколку утре се одржат парламентарни избори. Според одговорите на ова прашање, за Сдсм би гласале 19,7%, а за за Лдп 1,5% . Од партиите од албанскиот блок за Дуи би гласале 11,9%, за Нова Демократија 8,9%, а за Дпа 3,5% од испитаниците.

Анкетата е спроведена на стандарден репрезентативен примерок, со запазени критериуми за етничка, полова и регионална припадност.

За дополнителни информации обратете се во Центарот за истражување и креирање политики на телефон: 00389 2 3109 932.

Лице за контакт: Ристе Змејкоски