Повик за практиканти во рамки на проектот „Воведување на родово сензитивна култура во медиумите“

Filed under Activities

Центарот за истражување и креирање политики отвара повик за пријавување на студенти за практикатска работа во рамки на проектот „Воведување на родово сензитивна култура во медиумите“.

Овој проект е финансиран од Град Скопје, во рамки на неколку годишниот акциски план кој произлезе од Стратегијата за родова еднаквост на Град Скопје- Скопје, родово еднаков град! Целта на проектот е преку мониторинг на информативните и рекламни блокови и изработка на извештај за родовата сензитивност и стереотипи во медиумите да придонесе кон кревање на свеста за создавањето на родови стереотипи преку медиумите и да даде препораки како да се намалат истите.         

Во рамки на овој проект студентите ќе имаат прилика да ги зајакнат својте истражувачки капацитети во областа на истражување на медиуми преку мониторинг на медиумска содржина и преку посета на обуки за вршење на мониторинг и пишување на извештаи.

Повикот важи само за студенти кои студираат или неодамна дипломирале на родови студии, студии по новинарство, политички студии или пак сродни општествени науки. Заинтересираните кандидати потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо не подолго од една страна на е-маил: crpminternship@gmail.com. Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е до 12ти август

                Реализацијата на активностите во рамки на овој повик ќе започне во месец август, а ќе трае до почеток на месец октомври. Пријавените кандидати ќе работат во две групи од по 5 лица. Можност да се стекнат со практично искуство во рамки на овој повик ќе имаат вкупно 10 пријавени кандидати.

Повеќе информации за проектот се достапни тука

One Response to Повик за практиканти во рамки на проектот „Воведување на родово сензитивна култура во медиумите“

  1. Blazhe

    Кога да очекуваме одговор по испратените пријави ?
    Со почит,

    Блаже Јосифовски