Пакомак средба со „Виктори декорации„

Share This Post

#smartstart4u

Денеска се одржа првата средба помеѓу социјалното претпријатие „Виктори декорации“ кое го водат од Организација на жените на општина Свети Николе-owmsvn и Пакомак кои ќе бидат нивни ментори.

Од „Виктори декорации“ планираат да нудат продажба на украси и декорации за родендени, крштевки и друг вид веселби, со што ќе бидат невработени ранливи жени, а од приходите ќе се купуваат перики, турбани, лекови и градни протези за светиниколчанките кои се заболени од рак на дојка и други малигни заболувања. Од Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак им беа понудени неколку идеи за што подобро позиционирање на пазарот, како и предлог промотивни пакети во кои ќе бидат вклучени низа сродни производи.

Интересна и ветувачка средба. Со останатите социјални претпријатија и ментори продолжуваме од следната седмица. Следете нè 🙂

More To Explore