Прва менторска средба помеѓу Стопанска банка а.д. Битола и Паблик / Public

Share This Post

На денешната средба помеѓу Добриот бренд #СтопанскабанкаадБитолаи социјалното претпријатие Паблик / Public кое го издава добро познатото списание Лице в лице се разменија првични информации за бизнис плановите на Паблик / Public како и сферите каде Стопанска банка а.д. Битола може да понуди помош и know how со цел зацврстување на пазарот и нивно етаблирање. Наташа Савова, директорка за маркетинг во оваа банка и Жармена Божиновска, задолжена за финансии и маркетинг во Паблик / Public првично се договорија да се разгледаат идеите за тоа кои производи може се пласираат во следниов период, земајќи го предвид фактот дека се наближуваат новогодишните и божиќните празници. Дополнително, Савова нагласи дека тимот на Стопанска банка а.д. Битола е подготвен да помогне и во делот на маркетинг и брендирање. Следната средба е закажана за во текот на следниот месец, откако ќе банката ќе ги разгледа потребите за менторска поддршка на Паблик / Public. Колку за потсетување, Паблик / Public сакаат да ја прошират својата продажна понуда со сродни производи кои ќе го носат логото на Лице в лице како што се пенкала, бележници, маички, капи, подлошки за чаши и сл.

More To Explore