Директорот на ЦРПМ Марија Ристеска на ТВ Нова

Марија Ристеска на ТВ Нова со неколку пораки: 1. Разбуденото граѓанско општество на овие локални избори нема да се задоволи со половични решенија и ќе бара соодветни трансформативни решенија на нивните реални проблеми кои ќе го подобрат квалитетот на живеење; 2. потребно е обезбедување на јавни услуги во близина на местото на живеење и инновација на нови кои досега не ги обезбедувала државата; 3. некои проблеми немаат политичка и етничка позадина и мора да се јават во програмите на сите партии: загадување на воздух, гржа за деца, образование, здравство…;4. политичките партии мора да соработуваат за решавање на реалните надпартиски проблеми на граѓани. Инаку граѓаните ќе гласаат со своите нозе и ќе заминат во општини кои им нудат подобар квалитет на живот или ќе заминат од земјата!