Eighteen weekly lecture with the Minister of Economy Driton Kuci

Осумнаесетто седмично предавање со министерот за економија Дритон Кучи

Нарушено е начелото на поделба на власта, пред сé онаа законодавната. Во состојба сме кога Владата е најчест предлагач на закони, наместо тоа да биде Собранието. Од политичката криза, „победници“ ќе излезат оние кои имаат трпение и мудрост, но мора да внимаваме меѓуетничките односи да останат недопрени. Во кратки црти, ова беше главната поента на осумнаесеттото седмично предавање на кое гостуваше актуелниот министер за економија – Дритон Кучи. Од друга страна пак, слушателите од него се интересираа за личните и партиски ставови по однос на политичката криза, т.н. „Тиранска платформа“ и можните сценарија за решавање на постоечките политички збиднувања.

Eighteen weekly lecture with the Minister of Economy Driton Kuci

Тhe principle of separation of powers is harmed, esspecially the legislative one. We are in a situation when the government is the most common initiator of laws, rather than the Parliament. “Winners” of this political crisis will be those who have patience and wisdom, but we must be careful interethnic relations to remain intact. In short, this was the main point of the eighteen weekly lecture on which the current Minister of Economy, Driton Kuci was a lecturer. On the other hand, attendees were interested on the personal and party views regarding the political crisis, the so called. “Tirana platform” as well as the possible scenarios for solving current political developments.