ШЕСТО СЕДМИЧНО ПРЕДАВАЊЕ НА BARBARA SADOWSKA

Filed under Featured Slider, School Events

26 Октомври 2016

Пред учесниците на ШЈП Мајка Тереза настапи уважената гостинка од Полска прогласена од Time Magazine за “European Hero, BARBARA SADOWSKA со предавањето: „ТRANSFORMATIVE POWER OF POLICIES FOR SOCIAL ENTREPRENEURSHIP AND SOCIAL INOVATIONS“.

Barbara Sadowska e заменик-претседавач на бордот на директори на The BARKA Foundation (Фондација за заемна помош) основана во Полска и која работи од 1989 година, а во последно време се раширила и низ Европа, Канада и Африка. ОвааФондација содава модели на социјални претпријатија, кои се основаат главно од лица кои се нашле во неповолна положба во нивниот живот – бездомници, лица со посебни потреби, зависници итн., или од здруженија на граѓани и од локалната самоуправа. Лицата во нив се стекнуваат со нови вештини, при што се учат да произведуваат, а потоа продуктите да ги пласираат или да даваат определени услуги. Финансиските средства кои ги заработуваат притоа, ги вложуваат повторно во нивното претпријатие или во нови слични проекти. На тој начин се креираат работни места за ранливите категории на граѓани во областа на производството на органска храна, градежништвото, подготовката на храна, одржување на паркови, грижа за стари лица итн.

Во текот на предавањето беа презентирани неколку одлични проекти, како на пример ресторанот „Заедничка маса“, во кој дипломирани студенти работат заедно со невработени, бездомници, зависници и сл.

Во Македонија, таа е тим лидер на проектот за поттикнување на социјалното претприемништво, имплементиран од Eptisa и нејзините партнери во конзорциумот, а финансиран од ЕУ. За време на нејзиниот престој во нашата држава, ги посетила и имала соработка со невладини организации од повеќе градови, кои воспоставиле и имаат развиено социјални претприемнички активности.

После презентацијата, се разви и дискусија со учесниците на школата, во однос на имплементацијата на ваквите добри практики во македонски услови.

26 October 2016

Barbara Sadowska,BARKA – New Beginning – Social Market Economy     ТRANSFORMATIVE POWER OF POLICIES FOR SOCIAL ENTREPRENEURSHIP AND SOCIAL INOVATIONS

Author of a number of publications and articles on social economy, among others a collective work “BARKA – New Beginning – Social Market Economy 1989 – 2010” , 2010, “Local Partnerships in Social Market Economy”, 2012. Winner of many national and international awards among others: Officer’s Cross of the Order of Polish Rebirth awarded by the President of Poland (2011), Award of the Foundation Pro Bono Publico (2007, 2009), Global Development Network (Cairo, 2003, Beijing 2007).